| четврток, 6 декември 2018 |

Британија подготви 2.000 покани за погребот на Маргарет Тачер

Велика Британија изработи околу 2.000 покани за погреот на поранешната премиерка Маргарет Тачер, а меѓу повиканите се сите американски претседатели и британски премиери, како и многу познати личности.

Меѓу нив се и поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, поранешниот германски канцелар Хелмут Кол и вдовицата на поранешниот претседател на САД Роналд Реган, Ненси Реган, кои, сепак, нема да можат да присуствуваат поради здравствени проблеми.

Присуството го потврдија британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот сопруг, принцот Филип, што е првпат британски монарх да присуствува на погреб на премиер од погребот на Черчил во 1965 година.

– Листата на гости е направена од семејството на лејди Тачер со помош на Владата и Конзервативната партија. Се очекува да бидат испратени повеќе од 2.000 покани – се наведува во соопштението на кабинетот на премиерот Камерон.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top