| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го забрзате метаболизмот?

Тешката зимска храна поприлично ќе го успори метаболизмот.

Метаболизмот на зима лесно забавува и варењето ви станува тешко, па не треба да се заборави што е се потребно за да го забрзате и на тој начин да ја сочувате добрата линија.

За почеток, не заборавајте на намирниците кои секако треба да ги имате на менито – цели житарици, пробиотици и овошје и зеленчук богати со прехрамбени влакна, а многу е важен и  внесот на вода.

Но, ако и покрај внимавањето метаболизмот започне да ви забавува, еве што треба да направите во кујната за веќе за половина час да работи со нормална брзина.

Маслиново масло и лимон – лажица со маслиново масло со две капки лимон треба да ги испиете рано наутро или два часа после оброк.

Млака вода со лимон – најдобар напиток за започнување на денот, да го испиете веднаш по будењето и нема да имате проблем.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top