Секоја закана за нашите војници во Сирија да биде уништена, рече рускиот претседател Владимир Путин. Денес шефот на државата и врховен командант одржа состанок со министерот за одбрана на Москва, Сергеј Шојгу.
– Сакам да ги предупредам сите што ќе се обидат повторно да ги провоцираат нашите војници – изјави Путин.
– Наредувам да се дејствува најсилно. Секоја една цел, која претставува закана за нашите вооружени сили или инфраструктура, треба да бидат ликвидирани – категоричен беше Путин.
Според зборовите на претседателот, за гарантирање на безбедноста на единиците на руските војници во блискоисточната земја, преземени се дополнителни мерки. Во базата на авијацијата во северната провинција Латакија е лоциран комплекс за противвоздушна одбрана. Сите активности на бомбардерите се водат под заштита на борбени авиони, потсетуваат медиумите.
Путин повтори дека активностите на воените сили предводени од него, не се мотивирани од апстрактни геополитички интереси или од желбата да ги испробаат новите оружја. Ние чуваме нашата земја, појасни тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.