| четврток, 6 декември 2018 |

Судот во Лозана ја одби жалбата на Платини

Michel Platini

Арбитражниот суд за спорт во Лозана ја одби жалбата на првиот човек на УЕФА, Мишел Платини за отстранување на суспензијата.
Првиот човек на европскиот фудбал заработи суспензија од 90 дена поради наводно примање на „нелегални средства“. Покрај него, суспендиран е и Сеп Блатер, првиот човек на ФИФА кој најави дека во март ќе се повлече од функцијата и ќе го отстапи своето место на нов претседател.
Платини и Блатер ќе бидат сослушани наредната недела околу наводните 1,3 милиони фунти кои Французинот ги примил од Швајцарецот во 2011 година. Платини најави дека ќе се кандидира за нов претседател на ФИФА на конгресот кој ќе се одржи во февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top