| четврток, 6 декември 2018 |

Сириската војска почна голема офанзива во Алепо

ид

Сириската војска почна голема офанзива во северната провинција Алепо, во која досега загинаа повеќе од 30 лица, јави Танјуг.

Убиени се многу терористи, а голем дел од нив се и ранети, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на иранската агенција Фарс.

Сириската војска ги нападна терористите од Исламскате држава (ИД) во Ал Лаирун ел Шајан, како и во квартовите Карам ал Тараб и Сулејман ал Халаби од разурнатиот град Алепо. Алепо накогаш беше најголемиот град во Сирија со над два милиона жители. Сириските владини сили, исто така, уништиле и позиции на терористите во селото Мансур, западно од Алепо, и во областа Ел Малах, северно од градот. Истовремено, сириските авиони извршија воздушни напади врз упориштата на терористите во населбата Бани Заид во Алепо, како и во квартовите Ел Баб и Даир Хафир, во предградијата на Алепо. Претходно неделава, владините сили почнаа серија напади врз упориштата на екстремистите од Исламска држава во близина на градот Ел Хамира, во провинцијата Алепо, кои конечно и беа потиснати по неколкучасовните жестоки борби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top