Хоакин „Ел Чапо“ Гузман и објави војна на радикалната организација Исламска држава. Мексиканскиот наркобос, наводно, испратил порака до водачот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади, откако била уништена пратка со дрога од неговиот картел.
Во писмото испратено до исламистите, Ел Чапо обидите на организацијата да се вмеша во бизнисот на картелот „Синалао“ ги нарекол сериозна грешка, додавајќи дека неговите луѓе ќе ја уништат Исламска држава ако продолжат да му го сопираат бизнисот.
– Вие не сте војници. Вие не сте ништо повеќе од понизни пи**и. Вашиот Бог нема да може да ве спаси од вистинскиот терор кој моите луѓе ќе го истурат врз вас – се заканува тој.
Неговото писмо е објавено на страницата „Картелблог“, сајт поврзан со нарко-мафијата
Не е наведено каде терористите ја уништиле пратката, меѓутоа во последните години голем број на картели од Јужна Америка активно оперираат и на Блискиот Исток.
Шефот на моќниот нарко-картел „Синалоа“ побегна од затворот „Алтиплано“ во Мексико на 12 јули, преку подземен тунел долг 1,5 километар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.