Кризата по соборениот руски авион Су-24 ги разбуди спомените на Адем Албајрак од Измир, кој пред весникот „Пост“ тврди дека пред 43 години во Турција работел заедно со Владимир Путин, сегашниот претседател на Русија.
Се запознале во периодот 1971-1972 година, кога се поставувале темелите на рафинеријата „Тјупраш“. Путин, тогаш на 20-годишна возраст пристигнал со група од советска фирма подизведувач. Турците со кои работел една година, од самиот почеток се сомневале во него, бидејќи најискусните руски инженери се однесувале чудно со младиот Путин. Сомневањата се потврдиле откако дознале за негова екстрадиција, откако Путин бил фатен како тајно снима во забранет објект на рафинеријата и бил уапсен. Тие дошле до заклучок дека тој бил на задача како вработен од КГБ.
– Беше стиден како санта мраз. Строг, некомуникативен и внимателен – се сеќава Албајрак.
Откако го уапсиле Путин, еден од неговите колеги, за кого Албајрак претпоставува дека бил негов соработник, се обесил пред да дојдат да го уапсат.
Кога по неколку години слушнал дека Путин станал шеф на КГБ, бил шокиран, но во исто време се израдувал дека е жив и здрав.
А со неговото однесување, по соборувањето на Су-24, Албајрак рекол дека веќе е сигурен дека Путин никогаш не ги сакал Турците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.