| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден гробот на султан Сулејман Величенствениот: Ова се неговите три желби пред смртта

Гробот на легендарниот султан на Османското царство, Сулејман Величествениот, во кој се наоѓа неговото срце, „речиси сигурно“ е откриен во Унгарија, каде починал во 1566 година, изјави унгарски истражувач во средата, по ископувањата кои започнаа во октомври годинава.

Султанот Сулејман Величествениот починал во 1566 година на 71 година по битката кај Сигетвар, недалеку од денешната граница меѓу Унгарија и Хрватска.

„Речиси сум сигурен дека тука се наоѓа гробот, изјави Норберт Пап кој ја води екипата којашто од октомври започна со ископувањата на местото на коешто се претпоставува дека се наоѓа гробот на султанот. Ископувањата ќе бидат прекинати во текот на зимата, а ќе продолжат во април.

Телото на Сулејман Величествениот по неговата смрт е пренесено во Истанбул, но според легендата неговото срце и внатрешните органи се погребани на местото каде што умрел.

Досегашните ископувања кои се изведуваат со поддршка на унгарската и турската влада откриле остатоци од џамија и други градби чие сметување одговара на описот на османскиот град Турбек која на тоа подрачје се наоѓа на стара француска мапа со натписот „Тука почива Сулејман“.

„Многумина во Турција се прашуваат каде е неовиот рон., Сега конечно се доближуваме до одговорот“, изјави турскиот амбасадор во Будимпешта, Шакир Факили.

Пред својата смрт султанот Сулејман го повикал началникот на армијата и му ги кажал трите желби:

1. Тој го обврзал – ковчегот да биде носен од најдобрите лекари на Отоманската империја во тоа време.

2. Втората желба му била додека ковчегот бил носен по целиот пат да се фрлаат златници и скапоцени камења.

3. Тој барал неговите раце да излегуваат надвор од ковчегот и сите да ги гледаат.

Кога началникот на армијата прашал каква е причината за овие желби, Сулејман објаснил: Најдобрите лекари ќе го носат ковчегот за да видат сите дека дури и тие се немоќни пред лицето на смртта. Расфрлањето злато, за да можат сите да го видат, а тоа значи дека богатството што го добиваме во овој живот, останува на овој свет. А, сите да може да ги видат моите раце е поради тоа што треба да разберат дека дури и семоќниот Султан Сулејман Величествениот си заминува од овој живот со празни раце.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top