Животот е толку брз, а смртта толку немилосрдна и токму затоа треба да живеете и да се радувате на се, тука и сега. Кој знае дали утре ќе го дочекаме изгрејсонцето?
Сите се еднакви пред лицето на смртта и богатите и сиромасите. Смртта е непристрасна…Оваа приказна ќе ве научи да го цените животот и секој од судбината подарен ден.
Лежејќи на смртната постела, султанот Сулејман Величествениот го повика главниот командант на војската за да му ги заповеда своите последни желби. Тоа биле само три желби.
1. Владарот наредил неговиот ковчег да го носат најдобрите лекари од Османлиската империја во тоа време.
2. Втората желба била во тоа кога ќе го носат неговиот ковчег целиот пат да истураат златници и бесценети камења.
3. Исто така, султанот сакал неговите раце да бидат надвор од сандакот за да може сите да ги видат.
Командантот на војската бил шокиран од тоа што го слушнал. Го прашал Сулејаман која е причината за ваквите желби, на што Величествениот му одговорил:
„Нека најдобрите лекари го носат мојот ковчег и нека сите увидат дека и најмоќните лекари се немоќни пред лицето на смртта. Расфрлајте го моето стекнато богатство. Нека секој види дека богатството стекнато во овој живот останува на овој свет. Нека сите ги видат моите раце и нека ја препознаат едноставната вистина: дури и владарот на светот, султанот Сулејман Величествениот заминува од овој живот со празни раце.
извор: пинџур.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


