Емилија Пендева е македонскa уметниca, мајстор за тетовирање, манекенка, вистинска урбана убавица но пред сè е жена со големо срце.
Емилија на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ сподели статус со кој дефинитивно може да ја прогласиме за најхуманата личност на неделата. Емилија до сите пријатели на социјалните мрежи испрати роденденско барање да не ѝ носат подароци туку да одвојат колку што можат и да му помогнат на Горазд Николоски-Гого од Битола на кој неодамна му е дијагностициран малиген конскен тумор OSTEO BLASTEN SARCOM на десната нога.
Ви го пренесуваме статусот на Емилија во целост:
Роденден ми е. 30ка официјално. Досега никаков поклон не сум сакала за роденден, ама сеа пошто 30че, така округло, си имам захтеви! Неколку месеци уназад планирав роденденска журка. Поголема од досегашните. Некако се уфилмав дека заслужив .Имав многу тешка година. Нај нај нај од тоа што замислував дека може да биде “тешко”. Ама со се изборив и сега сум среќен човек. И сакав да прославам убаво роденденски. Со сите салтанати. Арно ама во меѓувреме се случи #ГОГО . (Тоа е еден дечко кој се уште не го познавам а го знам, а и многумина од вас знаат за него. Млад спортист, голем борец, кој од неодамна се справува со инвазивен канцер и требаше да му се ампутира ногата. Се покренаа неколку донаторски акции за да му се овозможи терапија, и наслушнав дека направил прв чекор кон подобро. Но борбата само што започна и ќе трае. И треба уште човечка помош.)
РОДЕНДЕНСКА ЖЕЛБА ми е на карпа да научам некоја качувачка финта од Гого.И наместо да инвестирам во алкохоли, грицки и торта (како што планирав)- парите ќе ги пренасочам за остварување на мојата желба. И колку и да не сум сакала ништо – многу луѓе ми купуваат поклон за роденден.
И при бидејќи пола од нештата што ги поседувам ми се поклони од сите луѓе од мојот живот и на моменти се осеќам како спонзоруша андеркавер -ГИ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ ШТО КЕ ПОМИСЛАТ ДА МИ КУПАТ ПОКЛОН ЗА РОДЕНДЕН (макар било и чунга-лунга) -НЕМОЈТЕ ДА ГИ ТРОШИТЕ ПАРИТЕ НА МАТЕРИЈАЛНИ НЕШТА ЗАТОА ШТО НЕМА ДА МЕ НАПРАВАТ НИШТО ПОСРЕЌНА ВО ЖИВОТОТ. ПОДОБРО ИНВЕСТИРАЈТЕ СТОТЧЕ ,ПЕЕВЧЕ ИЛИ ДЕСЕТДЕНАРКА У ТЕРАПИЈАТА НА ГОГО.ЌЕ БИДАМ НАЈСРЕЌНА АКО СЕ ИСПОЛНИ МОЈАТА РОДЕНДЕНСКА ЖЕЛБА ❤
Значи ова не е апел за помош за Гого, туку мој роденденски захтев. Си бирам поклон (Помогнете и на желбата побрзо да се активира преку донации за Гого ) И барем ќе бидете 100% сигурни дека нема да си помислам – Фаак ужас поклон.
Денес, во 21.00 , у студио,Асном 36 Ново Лисиче.Ќе ставам една кутија за донации. Кој сака нека дојде на роденден на кој ќе нема многу деривати за у стомак. Нема да стигнам на сите посебно покана да дадам, и затоа СИТЕ се поканети. Секој што ми се смета за пријател и што сака и може да дојде. И тие што не се во можност да учествуваат за поклон .
А кој сака да учествува за поклон мој а не може да дојде : За корисниците на Македонски Телеком 070 143 191
За корисниците на ОНЕ: 075 143 650
За корисниците на ВИП: 077 143 193.
(со секој повик донирате 100ден +18% ддв)
Kомерцијална банка А.Д. Битола: 300067021014554
НЛБ тутунска банка: 210-5016692926-43
Девизна сметка:
Gorazd Nikoloski
Kliment Ohridski 3b Bitola
Acc No: 0230705560582
IBAN: MK07300307055605809
SWIFT: KOBSMK2XBTB
Komercijalna Banka AD Skopje,
str. Orce Nikolov No.3, 1000 Skopje,
Macedonia
Роденден ми е. 30ка официјално. Досега никаков поклон не сум сакала за роденден, ама сеа пошто 30че, така округло, си им…
Posted by Emilija Pendeva on четвртак 10. децембар 2015.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.