На второто издание на стрип фестивалот „Легенди преку стрипови“ во Тирана учествуваа македонските автори Дарко Богданов и Александар Стеванов…
Во вкупно дваесет и деветте дела од официјалната селекција, изложени и објавени во каталогот, се најде и стрипот „Долг“ на македонските автори Дарко Богданов и Александар Стеванов. Со самото нивно учество, тие станаа досега единствените автори, учесници на овој фестивал, кои не се етнички Албанци, што беше нагласено и во дописот на Министерството за култура на Република Албанија.
На манифестацијата одржана во просториите на министерството за култура, присуствуваше и самата албанска министерка за култура, Мирела Кумбаро (Mirela Kumbaro), која истакна дека и понатаму ќе продолжи да дава поддршка на деветтата уметност – стрипот, која и покрај тоа што не е особено застапена во Албанија, сепак е сакана од авторите, посебно младите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.