Иако омразата меѓу свекрвите и снаите во најголем број случаи е само мит, овие неколку жени навистина го почувствувале тоа на својата кожа. Мислите дека нема да се сложите со семејството на вашиот дечко или сте сигурни дека најблиските на вашиот сопруг се ужасни? Верувајте, има и многу полошо. Сајтот „Ask Woman“ праша неколку жени, која е најлошата работа што ја слушнале од своите свекрви, а Hafington post пренесува 8 најлуди.
1. „Знам дека чекате деца, но ти веќе остаре!, ми рече свекрва ми, а немам ни 35 години“, се пожали една жена.
2. „ Поранешната свекрва три години ми се обраќаше со името на поранешната жена на мојот сопруг“.
3. „Украде покани за нашето венчање и им испрати на своите пријатели, а ние сакавме мала и интимна венчавка. На крајот имавме свадба со пијани гости од кои што не познававме речиси никој“.
4. Свекрва: Зар не се балерините прекрасни?
Јас: Да.
Свекрва: Дали ти некогаш си се занимавала со балет?
Јас. Не, за жал.
Свекрва: Се гледа. Тие се грижат за своето тело“.
5. „Кога мојот свршеник им кажа на родителите дека ќе се венчаме и дека навистина ме сака, неговата мајка шокирано праша:
– Ја сакаш повеќе од Ејми? Јас ја сакав Ејми. Ми недостасува.
Никој од присутните не можевме да поверуваме што слушнавме.(Ејми беше неговата поранешна девојка која го изневерила до друг и го оставила).
6 „Јас: Јас не сакам фудбал.
Свекрва: Па, добро, само интелигентните луѓе сакаат фудбал“.
7. „Првото нешто што ми го кажа свекрвата кога се запознавме беше дека не може да поверува како нејзиниот син ме довел мене дом, бидејќи обично излегувал со згодни жени“.
8. „Мојата свекрва го советуваше мојот веќе поранешен маж да иде на момачка вечер. Кога им реков дека веќе е оженет, таа ми одговори дека нема врска, треба да иде, можеби ќе запознае некоја нова. Ја мразев таа жена!“
9.„Свекрва ми својот Фејсбук профил објави видео за вежбање и нè тагна мене и ќерка и. Под него напиша: Сега веќе немате изговор што не вежбате“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.