Рускиот претседател Владимир Путин го поздрави тоа што неговата земја првпат извршила напади врз положби на Исламска држава во Сирија со ракети истрелани од подморницата „Ростов на Дон“ во Медитеранот, но исто така изрази надеж дека во нападот нема да мора да користи нуклеарни боеви глави. Путин тоа го изјави на состанокот со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој го извести за најновите резултати од операцијата против џихадистите на ИД во Сирија.
-Мораме да анализираме се што се случува на терен и како функционира оружјето. Крстосувачките ракети „калибар“ и КХ101 е покажаа како модерни и многу ефикасни, а сега знаеме и дека тоа е високо прецизно оружје кое може да биде опремено и со конвенционали и со специјални боеви глави, како што се нуклеарни, рече Путин. Тоа, досега, секако, не беше потребно во борбата против терористите, а се надевам дека никогаш нема ни да биде потребно – наведе Путин. Крстосувачките ракети „калибар“ погодиле два големи пункта на терористите на ИД во областа Рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.