Рускиот претседател Владимир Путин ги покани британските експерти да ги проучат црните кутии на соборениот авион Су-24. Шефот на државата на најголемата по територија земја во светот, денеска телефонски разговараше со премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон.
– За време на преговорите иницирани од Лондон, господин Камерон изрази сочувство за трагедијата со нашиот авион, пишува во официјалното соопштение на Кремљ.
Двајцата лидери, исто така истакнаа дека Русија и Велика Британија имаат блиски приоди во борбата против Исламската држава и други терористички групи. Во овој контекст беа дискутирани и прашањата за создавање на канали за комуникација во линијата на различни државни структури, се додава во документот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.