| четврток, 6 декември 2018 |

Во кои градови во светот работниот ден е најкраток

broken

Осумчасовен работен ден е стандард во многу земји во светот. Но има и многу разлики, како на пример различна е големината на платениот годишен одмор.
Погледнете во кои градови вработените имаат најмалку работни часови годишно, според извештај на „UBS“ за вработувањето и приходите во 71 држава.
1. Париз
Place Vendome in the rain at twilight

Какво изненадување! Парижаните го имаат најлесниот работен распоред во светот. Граѓаните на француската престолнина работат само 1 604 часа годишно. Ако сте љубители на одморите, дефинитивно треба да си побарате работа таму каде што луѓето работат во просек 35 часа неделно и имаат 29 дена платено отсуство. Франција воведе 35 часовна работна недела пред 15 години, за да ги натера фирмите да вработуваат повеќе луѓе.
За споредба, најмногу работат во Хонг Конг, каде што луѓето се на работа во просек 2 606 часа годишно или 50 часа неделно.
2. Лион
Waterfront Buildings on the Saone River

Повторно француски град, Лион го завзема второто место во рангирањето со просек 1 631 работни часа годишно. И тука платено отсуство е 29 дена.
3. Москва
Cityscape of Moscow, Russia

Заборавете за момент на политиката. Вработените во руската престолнина ги имаат едни од ретките работни часови во светот. Платеното отсуство е 31 ден годишно, а работните часови се 1 647 годишно.
4. Хелсинки
Suomenlinna Sea Fortress in Helsinki

За љубитечите на кратки работни недели и поголема политичка стабилност, финската престолнина е вистинската дестинација. Просечно луѓето таму работат 1 659 часа годишно и уживаат во 29 дена платено отсуство. Според друго рангирање на Светскиот економски форум, Финска е најдобро место во светот за подготовка и обука на работната сила.
5. Виена
Amusement Ride and Riesenrad at Prater Amusement Park

Австриската престолнина со население од 1,8 милиони луѓе, исто така има доста либерален работен режим. Просечно годишно луѓето таму работат 1 678 часа, а 27 дена во годината се на платено отсуство. Градот исто така е познат по добриот животен стандард, солидна инфраструктура и стабилен здравствен систем.
6. Милано
Milan Cathedral from Piazza Duomo, Milano, Milan, Lombardy, Italy, Europe.

Светската модна престолнина нуди добра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот со просек 1 691 работни часа годишно.
7. Копенхаген
Amagertorv square in Copenhagen

Данската престолнина е позната со развиена велосипедска култура. Жителите сепак можат да се пофалат и со просек 1 697 часа годишно, кои ги поминуваат на работа. Данска редовно си го наоѓа местото помеѓу најсреќните земји во светот, според Обединетите нации.
8. Луксембург
Luxembourg City, skyline, general view

Оваа мала, но богата нација, е омилена дестинација на компаниите од целиот свет поради даночната политика. Властите таму сепак попрво би се фокусирале на можностите за балансирање на работата и приватниот живот. Луксембург е една од најдарежливите држави во светот во однос на платено отсуство со 32 дена годишно, настрана деновите за националните празници. Во просек граѓаните на градот Луксембург работат 1703 часа годишно.
9. Вилнус
Kaunas, the old capital city, on the banks of the Nemunas River, Lithuania

Освен со богата историска архитектура, литванската престолнина може да се пофали и со 30 дена платен годишен одмор и 1716 работни часа.
10. Брисел
Taxis Protest against Uber in Brussels

Белгиската престолнина е во епицентарот на европската политика и домаќин на средбите на лидерите на ЕУ и Европската комисија. Покрај сите овие активности, работните часови во Брисел се едвај 1 717 годишно, но платено отсуство е едно од најкратките во светот, со само 18 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top