Во изминатите 24 часа на 2.220 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, од нив 967 се од машки пол, 461 од женски, 604 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 188 деца кои патуваат без родител.
Како што информира МВР, најбројни меѓу нив се државјаните на Авганистан–917, Ирак747 и Сирија 556.
Во периодот од 19.06.2015 до денеска, издадени се потврди на вкупно 319.727 странски државјани, од кои, 180.625 се од машки пол, 51.098 се женски, 70.493 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а 17.511 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија 185.677, потоа Авганистан 77.570, Ирак 35.039, Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, Мароко 1.317, Конго 514, Алжир 453, Либан 434, Нигерија 279, додека останатите се во помал број.
До Секторот за азил во текот на вчерашниот ден не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Од започнувањето на издавањето на потврдите до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан меѓу кои и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет. Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчера се евидентирани вкупно 16 баратели на азил од кои пет мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба. Дополнително, согласно со член 48 од Законот за азил и привремена заштита, 12 баратели на азил (шест малолетни лица со придружба на старател, две малолетни лица без придружба на старател, тројца мажи и една жена ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.