| четврток, 6 декември 2018 |

Русија: Нема да ја жртвуваме нашата национална безбедност

rusiq--343447

Антикризните мерки дадоа резултат, рече рускиот премиер Дмитриј Медведев за време на традиционалната конференција со медиумите, на која се земаат предвид активностите на Владата во Москва.
– Се надеваме следната година да одбележиме раст на нашето стопанство. Банкарскиот систем ни е стабилен – изјави уште премиерот во Москва. Растот ќе биде помалку од еден процент, предупреди премиерот.
– Ако немаме нормални вооружени сили, нашата земја е под закана од распаѓање – додаде Медведев. Ние не направивме грешка, не ги ограничивме трошоците за одбраната. Ние не треба да ја жртвуваме нашата национална безбедност и ќе ја исполниме програмата за превооружување на нашата армија, морнарицата и воздухопловните сили до 2020 година – категоричен беше тој.
– Ние ги подигнавме нашите вооружени сили на светско ниво – посочи тој.
Медведев, исто така, вети дека владата предводена од него нема да ги намалува социјалните трошоци и да ги укинува бесплатните медицински услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top