| четврток, 6 декември 2018 |

Путин нареди црната кутија да биде отворена пред меѓународни експерти

putin-naredi-chernata-kutiq-na-svaleniq-su-24-da-byde-otvorena-pred-mejdunarodni-eksperti-343432

Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, црната кутија од соборениот руски воен авион да биде отворена во присуство на меѓународни експерти и податоците да бидат соодветно опишани, соопштија агенциите.
Според Шојгу, екстремистите многу брзо ја напуштиле територијата каде паднал авионот. Не успеале ништо да земат од авионот и црната кутија беше пронајдена, рече министерот, врачувајќи ја на претседателот, кој побара таа да биде отворена само во присуство на странски експерти.
Путин изјави дека какви и да се податоците регистрирани од црната кутија на соборениот од Су-24, тоа нема да го промени ставот на Русија кон Турција. Сакам веднаш да кажам дека што и да дознаеме од црната кутија, нашиот став кон стореното од турски власти нема да се промени.
– Ќе повторам: Ние се однесувавме со Турција не само како со пријателска земја, но и како со сојузник во борбата против тероризмот и никој не очекуваше таков низок, предавнички удар во грб, рече Путин. Затоа со овој инструмент треба да се работи највнимателно, детално и на високо професионално ниво, заедно со меѓународни експерти. Во секој случај сме должни да ги поканиме сите оние кои сакаат да учествуваат во оваа работа, додаде претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top