Германскиот таблоид „Ехпрес“ од Колн ја пренесе изјавата на актуелниот светски првак во Формула 1 Луис Хамилтон кој упати критики на адреса на Михаел Шумахер.
Трикратниот светски Ф1 првак го спомнал Шумахер откако му било поставено прашањето да ги спореди неговите наслови со оние седум колку освоил германскиот пилот.
-За да освојам наслов јас никогаш не сум правел работи кои ги правеше Шумахер.Сите свои наслови ги освоив исклучиво благодарение на моите вештини – кажал Хамилтон.
Не е познато на што конкретно мислел Хамилтон. Можно е дека алудирал на контроверзните потези за време на кариерата и за соработкта со ДамонХил или пак за шпекулациите околу супериорноста на гумите на Бриџстоун во периодот додека Германецот возел за Ферари, но коментарот на Хамилтон наиде на жестоки реакции на навивачите на Шумахер. Особено поради фактот дека Михаел не може сам да се брани.
Шумахер во скијачка несреќа во 2013 година ја удри главата од камен, а последните година дена закрепнува во семејната вила во Швајцарија и вистината за неговата здравствена состојба не и е позната на јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент во Ф1 на тренингот: Сè уште нема информации за состојбата на возачот и на стујардите покрај патеката
-
Неврохирург за состојбата на Шумахер: Тој никогаш нема да заздрави!
-
Трагедија пред Божиќ: Во сообраќајна несреќа почина пријател на еден од најпознатите возачи на Формула 1
-
Хамилтон го надмина легендарниот Шумахер: Стаса до 69-та пол-позиција