Наташа Беквалац отпатувала во Амстердам за да присуствува на концертот на Мадона, а тоа што требало да биде уживање на крајот станало вистинска драма.
Пејачката доживеала непријатност која среде холандската престолнина била ограбена. Наташа останал без пасош, пари и мобилен телефон поради што буквално збеснала. Целата ситуација таа ја опишала во опис на фотографијата која ја објави на Инстаграм.
-Не знам дали некогаш сте доживеале среде Амстердам да ви ја украдат чантата во која имате пари, пасош и телефон? Чувството е тешко да се опише. Наместо уште еден убав ден со кумата во Холандија јас поминав цел ден во српската амбасада во Хаг! За ништо подобро и не сум – напишала Беквалац под фотографијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.