| четврток, 6 декември 2018 |

Њујорк пост: Требаше да ја слушаме Баба Ванѓа, ни рече дека ќе дојде ИСИС

NewYorkPostBabaVanga

Еден од најпопуларните светски таблоиди – американскиот „Њујорк Пост”, објави натпис под наслов „Требаше да ja слушаме онаа слепа бугарска старица за ИД”.

Станува збор за пророчицата од Петрич, родена во Струмица, популарна како Баба Ванѓа. На сајтот на весникот публикацијата за Ванѓа е најчитана меѓу сите други приказни.

„Слепиот мистик, за кого се тврди дека го предвидела 11 септември, цунамито од 26 декември 2004 година, хаваријата во нуклеарната централа во Фукушима и раѓањето на ИСИС, исто така дава злокобни предвидувања за 2016 година и понатаму. Родена во Струмица пророчица Баба Ванѓа, која почина на 85 години во 1996, била позната како „Нострадамус на Балканот” поради близу 85 отсто успех на предвидувањата и е почитувана во Русија и Европа како натприродна светица “, започнува написот во „Њујорк Пост”

-Езиво е пророштвото кое предупредува дека во 2016 година ќе се случи инвазија во Европа од страна на муслиманите, се ќе започне во 2010 година, Априлската пролет во Сирија. Кулминацијата ќе се случи со воспостабувањето калифат во 2043 година со седиште во Рим – ги пренесува Њујорк Пост зборовите на Баба Ванѓа. Се додава дека според прорпочицата Европа каква што ја знаеме ќе престане да постои по систематската елиминација на цели нации, што континентот ќе го остави речиси празен и без никаков облик на живот.

Оние кои веруваат во Баба  Ванѓа им се чини дека нејзините смртоносни пророштва ни се случуваат пред нос.

“Onima koji vjeruju u Babu Vangu čini se kao da se njena smrtonosna proročanstva događaju točno pred njihovim nosom”, piše New York Post.

Стравот ја носи Ле Пен на власт во француските региони

Изданијата дури ги “предупредуваат” читателите за:
2016: Муслиманите ќе завладеат Европа
2023: Орбитата на Земјата ќе се промени (што и да значи тоа)
2025: Населението на Европа ќе достигне 0 (нула)
2033: Нивото на водата ќе се зголеми, поради топење на глечерите
2043, 2066 …
2076: Комунизмот ќе се врати во Европа

Препород на природата во 2084 година, враќање на вонземјануте и преселување на човештвото под вода, глобална суша, вулкански ерупции, пад на температура, промена на орбитата, војна на Марс, преселување на цивилизацијата на друга планета пред Земјата целосно да замре – некаде околу 3797 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top