| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаете кој е највалканиот дел од телото?

papok

Туширањето е многу важен дел од личната хигиена. Во текот на денот, со облеката, косата и кожата, во својот дом внесуваме бројни микроорганизми кои можат да бидат опасни по нашето здравје.

Но иако сте се истуширале и сте ја измиле косата, постои дел на нашето тело кој се смета за највалкан, бидејќи ја задржува нечистотијата, иако само што сте излегле од под туш. Станува збор за папокот кој е најнедостапен дел на нашето тело и со самото тоа може да стане легло на бактерии.

Правилниот папок е вовлечен, а поради својот облик во него многу брзо и лесно се собира пот, влакненца од облеката, мртви клетки од кожата, лосион и сапун.

Ваквата спојка е совршено место за развој на микроорганизми, па затоа, ако не се мие правилно и детално, може да стане жариште на непријатни мириси, но и здравствени проблеми (инфекција).

Истражувањето покажало дека во вовлечен папок (во неговите набори) може да се наталожат дури 67 различни видови бактерии, без разлика на редовното туширање. Ако сакате овој дел од телото да го одржувате на детален и правилен начин, употребете го овој едноставен трик со стапче за уши.
КАКО ПРАВИЛНО СЕ МИЕ ПАПОКОТ?
Вовлечен папок
1.Пред туширање, стапчето за уши натопете го во медицински алкохол и со него детално исчистете го папокот.
2.Во текот на туширањето, на ново стапче нанесете малку гел за туширање, па исто како претходниот пат, детално исчистете го папокот.
3.Папокот добро исплакнете го со млака вода, па добро исушете со пешкир.

Испакнат папок
Испакнатиот папок полесно се мие бидејќи нема толку вдлабнатини и набори во кои се собира нечистотија.
1.Натопете памучна крпа со гел за туширање.
2.Истријте го папокот, па исплакнете го со млака вода и исушете со пешкир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top