| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто е штетно отстранувањето на срамните влакна?

Отстранувањето на влакната од интимните делови всушност е многу опасно. Со целосната депилација или бричење на бикини зоната се зголемува ризикот од инфекции, но и сексуално преносливите болести меѓу младите луѓе.

Американската докторка Емили Гибсон, која е поборник за запирање на трендот на целосната бразилска депилација, појаснува дека хирурзите веќе одамна сфатиле дека отстранувањето на влакна од телото не носи корист.

– Во различни зафати се отстрануваат влакна за да се спречи инфекција, но се случувало спротивното. Кожата страшно страда за време на депилацијата – истакнува Гибсон и напоменува дека не е важно за кој начин на депилација станува збор, сите се штетни.

Според неа, свежо депилираните генитални подрачја се исклучително чувствителни и често се случува да се појавуви херпес, како и други тешкотии.

Гибсон ја предупредува јавноста дека срамните влакна имаат своја цел и дека треба да останат таму каде што припаѓаат. Тоа очигледно нема да се случи, барем не во блиска иднина. Покрај тоа што се развила цела индустрија која заработува од депилација, отстранувањето на влакна стана и прашање на навика и лична хигиена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top