Одлуката да се постави ограда на нашата јужна државна граница е донесена како резултат на проценка на ризиците на стручни лица и е дел од заклучоците на советот за безбедност. Нејзина основна цел не е да попречува, туку да го насочува и канализира протокот на бегалците кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, потенцира премиерот Никола Груевски.
-Нашата граница е отворена и во неа може да влезат сите оние бегалци кои доаѓаат од земји кои се зафатени со воен конфликт, истите оние категории кои се пропуштаат за влез во земјите во ЕУ. Тој чин е направен согласно сите стандарди и јас би сакал да и честитам на Армијата на Република Македонија заради добро извршената работа која е во интерес на сите граѓани. Би сакал да дадам и признание за македонската полиција која со соодветна и пропорционална активност одолева на сите ризици и безбедносни закани и на високо и професионално ниво ја врши својата задача на јужната граница, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер