| четврток, 6 декември 2018 |

Редиците за имотен лист нема да ги има

Со помош на новата апликација „е-кат шалтер“, освен на шалтерите на катастарските одделенија, граѓаните остега ќе можат да побараат издавање на имотни листови, евидентен лист, пописен лист со незапишан права и лист за привремени објекти, поблиску до нивното место на живеење. Тоа можат да го направат во најблиската општина, нотарската канцеларија или канцеларијата на приватните геодетски фирми.

Апликацијата беше денеска промовирана во Агенцијата за катастар на недвижен имот во Скопје, а таму присустуваа и премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

IMG_2550

Славче Трпески, директорот на Агенцијата за катастар на недвижен имот изјави дека со оваа апликација општините, нотарите, геодетските фирми можат да издаваат имотен лист за сметка на катастерот. Тој рече дека, исто така, биле промовирани и новите измени што катастарот ќе ги предложи до Владата со цел да се направат нови сервиси за да се унапреди работата како на катастарот, така на другите државни институции.

Друга новина е тоа што катастарот планира да направи масовна еваулација на недвижниот имот.

– Секој граѓанин ќе може пред да купи стан да провери каква била вредноста на тој стан пред тој да го купи. Исто така, катастарот на дневна основа ќе го покажува индексот на пазарот на недвижен имот во Република Македонија – рече Трпески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top