Словенечкиот тренер Алеш Пипан на клупата на МЗТ Скопје како што најави на вчерашната прес-конфереција по поразот од Цедевита во рамките од АБА лигата на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“, утринава си поднесе оставка.
Тој со актуелиот првак во домашното првенство освои две титули (2013, 2014), свесен за резултатската криза и лошата серија од шест порази во низа во јадранското натпреварување, најави дека ќе има промени во редовите на МЗТ во ростерот кои веќе започнаа соз заминувањето на Марко Симоновски. Како следна дестинација на (сега веќе екс) кориларот се споменува Златорог Лашко. Пипан веќе трипати беше шеф на стручиот штаб на словенечкиот тим. Од 1996 година до 2000 година го предводеше составот во Евролигата, а во 2004 година го освои словенечкиот куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



