| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО нема да прати копнени сили во Сирија

272845-stoltenberg-go-najde-vinovnikot-rusija-e-kriva-za-ukrainaНАТО нема планови и ја исклучува можноста за праќање копнени сили против Исламската држава во Сирија, изјавил генералниот секретар на организацијата, Јенс Столтенберг. Првиот човек на Алијансата истакнува и дека конфликтот не е војна меѓу Западот и исламскиот свет.

Тој ја повика Русија да игра поконструктивна улoга во борбата со ИД, зашто „досега Русија напаѓа други групи и го поддржува режимот на Асад“.

„Ова не е на дневен ред на коалицијата и на сојузниците на НАТО, изјави Столтенберг, кој потенцира дека е неопходно засилувањето на локалните сили во конфликтот. Сподели 1 НАТО нема да праќа копнени сили против ИД во Сирија. Ова не е на дневен ред на коалицијата и на сојузниците на НАТО“, изјави Столтенберг, кој потенцира дека е неопходно засилувањето на локалните сили во конфликтот.

„САД имаат ограничен број специјални сили. Во прв план е засилувањето на локалните сили. Тоа не е лесно, но е единствената варијанта“. “ „Муслиманите се во првата линија на оваа војна. Повеќето од жртвите се муслимани, а и повеќето од оние што се борат против ИД се муслимани. Не можеме да ја водиме оваа борба место нив“, вели Столтенберг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top