| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници луѓе учествуваа во маршот посветен на борбата против климатските промени

Околу десет илјади, според податоците на полицијата учествуваа во протестот, посветен на борбата против климатските промени во крајбрежниот белгиски град Остенде.

06122015194239_8A15A280-EBE6-42A6-8F80-8DCA168BAC57_w640_r1_s_cx0_cy11_cw0

Протестот беше организиран во врска со Меѓународната конференција за климата, која се одржува во Париз. Според организаторите на протестот имало 14 илјади лица.
Првично маршот требаше да се одржи во Париз, каде се водат меѓународните преговори за нова глобална спогодба за климата, но беше одлучено настанот да се одложи за една недела и да се премести во Остенде поради безбедносни причини поврзани со нападите во Париз од 13 ноември.
Организаторите на протестот повикаа за цврсти и единствени активности во борбата против климатските промени.
– Достигнато е четврто ниво на опасност за климата, изјави Натали Егермон од организацијата за заштита на животната средина „Климат експрес“, алудирајќи на четвртото ниво за терористичка закана, кое неодамна беше воведено во Белгија.
Учесниците во протестот формираа човечки ланец покрај брегот, формирајќи долга црвена лента, која ја симболизира црвената линија, која политичарите не треба да ја минуваат во однос на животната средина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top