| четврток, 6 декември 2018 |

Сибир: Осум момчиња загинаа во пожар на роденденска забава

Осум тинејџери загинаа во пожар во куќа во западен Сибир. Трагедијата се случила за време на роденденска прослава во провинцијата Сургут, додека момчињата на возраст од 14 до 16 години се забавувале во сауната.

kalifornija pozar

Огнот се проширил од печка на дрва, кој момчињата го запалиле за да ја загреат куќата. Пожарот брзо се проширил, зафаќајќи ја и сауната, а тинејџерите немале време да побегнат.

Првичните резултати од истрагата упатуваат на тоа дека причина за смртта е труење со јаглерод моноксид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top