| четврток, 6 декември 2018 |

Ексвардаровецот Растворцев го совладал Јорданецот што сакал да го сруши авионот кон Белград

aleksej1
Поранешниот ракометар на Вардар, Алексеј Растворцев, кој сега го носи дресот на Војводина, заедно со помошниот тренер на српскиот тим, Милан Мирковиќ, успеале да спречат трагедија и можно уривање на авионот кој летал на релација Франкфурт – Белград.

Како што веќе објавивме, јордански државјанин кој имал и американски пасош со име Лакен, сакал да влезе во кокпитот на авионот на „Луфтханза“, посочувајќи дека сака да оди кај Алах и дека сите ќе одат кај Алах.

Но Растворцев и Мирковиќ успеале да го совладаат и да го смират, а авионот слетал безбедно.

„Лакен сакаше да ја отвори вратата и да предизвика хаос. Цело време зборуваше хистерично дека го загубил разумот и дека сака сите да одиме кај Алах. На крајот ракометарите на Војводина успеаја да го смират и авионот слета безбедно“, изјавил сведок на оваа авионска драма за српските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top