| четврток, 6 декември 2018 |

INC ја смести Македонија меѓу најдобрите земји за отворање бизнис

biznis-mkd-640x499

Можеби мислите дека започнувањето на бизнис може брзо и лесно да се заврши каде било во светот, но не е така, пишува сајтот inc.com.

Според статистиките од британскиот бизнис сајт Approved Index, во 2015 година просечното време за отворање бизнис било 20 дена, а во 2014 година 22 дена.

Нов Зеланд го држи рекордот за земја во која најбрзо се отвора бизнис (помалку од 24 часа), а во Венецуела за тоа се потребни дури 144 дена.

Ова се топ 10 земји во кои најбрзо се започнува бизнис.

  1. Нов Зеланд – 1 ден
  2. Македонија – 1 ден
  3. Канада – 2 дена
  4. Хонгконг – 2 дена
  5. Грузија – 2 дена
  6. Австралија – 3 дена
  7. Португалија – 3 дена
  8. Сингапур – 3 дена
  9. Ерменија – 3 дена
  10. Азербејџан – 3 дена

На овие земји во продолжение им се потребни повеќе денови за отворање бизнис од оние кои се погоре наведени.

-Обединето Кралство – 5 дена
-САД – 6 дена
-Панама – 6 дена
-Мексико – 6 дена
-Германија – 11 дена
-Мадагаскар – 13 дена
-Никарагва – 13 дена
-Доминиканска Република – 15 дена
-Гватемала – 19 дена
-Етиопија – 19 дена

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top