Веднаш по слетувањето на аеродромот „Александар Велики“, Јохан Тарчуловски им се обрати на илјадниците македонски граѓани кои дојдоа да го поздрават неговото враќање. Тој им се заблагодари за поддршката која му ја давале во текот на неговиот престој во затворот во Германија и им порача дека жртвата за Македонија нема цена.
– Ви благодарам на сите што дојдовте, вашата поддршка, иако бев далеку, ми беше сѐ. Се докажало на времето, се покажува и денеска. Жртвата за Македонија нема цена. Како што ќе рече Гоце Делчев, за делото нема почеток и нема крај, јас ќе додадам и дека нема условувања. Немам зборови со кои можат да се искаже мојата среќа. Ги поздравувам сите македонски бранители, но и сите оние што ги дадоа животите за Македонија. Нивното дело треба да се почитува и цени. Помина долго време. Ми фалевте. Ми фали Македонија. Ви благодарам на сите и се гледаме на плоштад. Да живее Македонија – рече Јохан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.