Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Претпладне по одделни котлини и речните долини ќе има ниска облачност и појава на магла која во текот на денот ќе се намалува.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до пет, а дневната од 10 до 18 степени. Во Скопје времето претпладне претежно облачно и тивко, а попладне облачноста ќе се намалува. Дневната температура ќе достигне до 11 степени.
Во наредниот период ќе продолжи стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради слабо изразено воздушно струење по котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност особено во претпладневните часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.