Католик во Франција е во куќен притвор заради „исламски радикализам“, во рамки на вонредната состојба по нападите во Париз на 13 ноември.
30 годишниот Микаел е еден од 330 лица кои се во куќен притвор. Тој за весникот „Ле Монд“ вели дека на почеток сметал дека се работи за шега.
-Ми се јави колега и ми рече дека полиција за кусо време ќе дојде да изврши претрес во мојот стан и дека по мене е распишана потерница- раскажува овој француски католик.
Тој сам заминал до најблиската полициска станица за да го раскаже својот дел од приказната, но му било соопштено дека е осуден на куќен притвор како „лице со ризик од радикализација“.Врски
Тој се обидел да објасни дека е католик, дури и ги покажал своите тетоважи со ликот на Исус, но тоа не му помогнало.
За време на притворот е должен два пати дневно да се пријавува во полициската станица.
ПО нападите во Париз, Парламентот прифати нов закон, според кој претреси во домовите може да се вршат без налог од обвинителство, туку само основано сомневање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.