Според прогнозите, Македонија ја очекуваат топли денови во декември, а негативни температури речиси и нема да има до јануари. Нема да врне ниту снег, освен на повисоките места.
Студено време се очекува кон крајот на јануари, кога температурата ќе се спушти неколку степени во минус, а тогаш се очекува и првиот снег во котлините, кој нема долго да се задржи.
Надпросечно топло време се очекува и во февруари, а во март се очекуваат температури и до 15 степени.
Но сепак, треба да се има предвид дека се работи за долгорочна прогноза, која не секогаш е точна и не треба да се зема „здраво за готово“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.