| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган го откри името на најголемиот купувач на нафта од ИД: Тој е сириски бизнисмен со руски пасош!

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган вети дека турските власти ќе предадат докази за вмешаноста на сирискиот бизнисмен, кој , наводно поседува руски пасош, во трговијата со нафта од Сирија, пренесе српски Телеграф.

Ердоган, како одговор на обвинувањата за купување на нафта во Турција од таканаречената Исламска Држава (ДАЕШ) , изјавил дека најголем купувач на нафта од таа терористичка организација е бизнисмен од Сирија, кој наводно има и државјанство од Русија.

-Најголемиот купувач на нафта од ДАЕШ поседува руски и сириски пасош-Џорџ Хашвари. Тој му продава нафта и на режимот (Сирија). Таа информација ја соопшти и Министерството за финансии на САД-изјавил Ердоган во Анката, на конгресот на синдикати на Турција, а пренесе Спутник.

Тој вети дека турските власти ќе  предадат докази за вмешаноста на Хашвари во тој бизнис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top