Нема скопјанец кој не го знае кројачот Ангелковски или барем не слушнал за него. Од политичари, естрадни уметници и граѓани ретко кој не бил во дуќанот на кројачот Ангелковски на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Машината за шиење ја наследил од татко му, биле повеќе деца, а тој со кројачкиот занает почнал да се занимава уште од 1950 година.
Својот дуќан го отворил по поплавата, во 1962 година, на местото каде што сега е зградата на ЗОИЛ но истиот бил урнат во земјотресот. Од 1964 работел во дуќанот на локацијата, кој за мнгумина во Скопје е ориентир на градот во близина на Универзалната сала.
Кројачот Ангелковски кој е урбана легенда на Скопје почина синоќа на 81-годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.