Концертот на светската атракција „Ту челос“, како дел од офф-програмата на годинешниот „Таксират“, беше распродаден уште пред неколку недели.
Вечерва во „Метрополис арена“ настапуваат Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, а нивниот концерт во Скопје го искористи и момче, кое деновиве пристигна од Канада.
Тој ги побарал хрватските виолончелисти и ги замолил токму вечерва на нивниот настап јавно да ја побара за жена својата девојка.
Кога „Ту челос“ ја раскажаа оваа приказна, момчето стана од публика и го праша судбоносното прашање на кое доби одговор „ДА“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.