Цената на становите во Србија се движи од 50.000 евра до неколку милионски суми, посебно за становите во центарот на главниот град. Но, за разлика од Македонија, каде најмалата квадратура на становите е 20 метри квадратни, во Србија може да се купат вакви станчиња, доволни за живот на еден самец.
Нивната цена се движи околу 8.000 евра и тоа во центарот на Белград.
Таканречените микростанови, најчесто околу 15 метри квадратни, се целосно опремени и имаат централно греење. Во нив има мини кујна, мало купатило, шпајз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.