Стотици порно страни се нападнати од хакери и на нив се ставени малициозни реклами за да ги заразат компјутерите на луѓето кои не можат да оддолеат и мораат да гледаат порничи на интернет, пишува International Business Times.
Малициозните реклами ги открила американската компанија Malwarebytes на страниците кои дневно ги посетуваат милиони луѓе.
Страниците заразени со овие реклами се DrTuber, Nuvid, Eroprofile, IcePorn и Xbabe.
Освен нив, во последните месеци и најпопуларните порно страници, како xHamster, RedTube и PornHub беа честа мета на хакерите.
Рекламите ги објавила компанијата AdXpansion, а тоа по што се опасни е фактот дека не морате да кликнете на нив за да го заразите вашиот компјутер со вирус.
Проблемот е во тоа што порно страните имаат мала контрола над тоа кои реклами се прикажуваат пред нивните корисници, изјавул Крис Бојд, аналитичар во компанијата Malwarebytes.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура