| четврток, 6 декември 2018 |

Масло од канабис – „да“ или „не“

Не­кои истра­жу­ва­ња по­ка­жу­ва­ат не­ка­кви ефе­кти на ка­на­би­но­и­ди­те врз кле­тки­те на рак, не­кои, пак, по­ка­жу­ва­ат по­вре­да на клуч­ни кле­тки во крв­ни­те са­до­ви. Во не­кои слу­чаи ка­на­би­но­и­ди­те мо­жат ду­ри да пот­тик­нат и по­раст на кан­це­ро­ге­ни­те кле­тки, но и дру­ги мно­гу не­га­тив­ни ефе­кти, во за­вис­ност од упо­тре­ба­та. Се­пак, има истра­жу­ва­ња што ве­лат де­ка со ком­би­на­ци­ја­та на хе­мо­те­ра­пи­ја со те­ра­пи­ја со ка­на­би­но­и­ди мо­же да се по­стиг­не до­бар ефект

– Пред че­ти­ри го­ди­ни ми бе­ше ди­јаг­но­сти­ци­ран рак на бе­ли­те дро­бо­ви. До­кто­ри­те не беа оп­ти­ми­сти… Тре­ба­ше да поч­нам да се збо­гу­вам со најб­ли­ски­те… за­се­ко­гаш. Шест ме­се­ци. Најм­но­гу ед­на го­ди­на. Не са­кав да ја при­фа­там ре­ал­но­ста. Не, јас не­ма да го на­пу­штам овој свет са­мо 50 го­ди­ни отка­ко прв­пат сум ја ви­де­ла свет­ли­на­та. Са­кам да би­дам ту­ка за свад­ба­та на мо­и­те де­ца. Са­кам да ја ви­дам мо­ја­та ќер­ка во бел фу­стан. Са­кам вну­ци… Не се пре­да­вам. Со со­пру­гот поч­нав­ме да ба­ра­ме се­ка­кви ле­ков – од ба­јач­ки до со­вре­ме­на ме­ди­ци­на. Про­чи­тав­ме за ле­кот од ма­ри­ху­а­на… Не­ка­ко ни зву­че­ше прем­но­гу опас­но. Тоа е дро­га. Но сѐ по­че­сто слу­шав­ме за не­ве­ро­јат­но­то дејс­тво на мас­ло­то од ка­на­бис. Не ни оста­на ни­што дру­го. Пре­ку лу­ѓе нај­дов­ме кон­такт од де­вој­ка што по­сре­ду­ва за на­ба­вка на та­кво мас­ло. Ис­пра­тив­ме ди­јаг­но­за, че­кав­ме од­го­вор од стран­ска др­жа­ва. По не­кое вре­ме ни ја­ви­ја де­ка мас­ло­то при­стиг­на­ло. Ну­три­ци­о­нист ми на­пра­ви ис­хра­на што вли­јае врз ши­ре­ње­то на под­мол­на­та бо­лест. Го ко­ри­стев мас­ло­то и се при­др­жу­вав на ис­хра­на­та. По шест го­ди­ни сѐ уште го пра­вам тоа. Ко­га по два ме­се­ца ко­ри­сте­ње на мас­ло­то оти­дов на ле­кар, тој бе­ше из­не­на­ден. Ме пра­ша да­ли пи­јам не­што. Му ка­жав за ну­три­ци­о­ни­стот, а за ка­на­би­сот… Ја на­вед­нав гла­ва­та и ве­ро­јат­но на­пра­вив не­кој израз на ли­це­то од кој сфа­ти де­ка пра­вам не­што „не­доз­во­ле­но“. До­кто­рот са­мо ре­че – што и да пра­ви­те про­дол­же­те да го пра­ви­те. Бо­ле­ста не на­пре­ду­ва… Ду­ри и се на­ма­лу­ва – ва­ка ед­на пе­де­сет и шес­тго­диш­на же­на од вна­треш­но­ста ја рас­ка­жу­ва исто­ри­ја­та на сво­ја­та бор­ба со под­мол­на­та бо­лест.

Таа е са­мо ед­на од мно­гу­те Ма­ке­дон­ци, кои се оби­ду­ва­ат да го ре­шат сво­јот здрав­ствен проб­лем со лек што не­ле­гал­но се но­си во Ма­ке­до­ни­ја. Има и по­и­на­кви при­каз­ни – го ко­ри­стел мас­ло­то не­кол­ку ме­се­ци, ефе­ктот бил ни­ка­ков, бо­ле­ста не­кон­тро­ли­ра­но се ши­ре­ле. Се­пак, не е до­бар се­кој лек од ка­на­бис. Не­кои ус­пе­а­ле да стиг­нат до ква­ли­те­тен лек, кој, на­ви­сти­на, по­ма­га. Дру­ги, пак, од нез­на­е­ње, не­ин­фор­ми­ра­ност би­ле жр­тви на из­ма­ма на ди­ле­ри­те. Про­да­ден им е лек што во­оп­што не ја по­до­брил нив­на­та здрав­стве­на со­стој­ба.

 

Има ли до­вол­но до­ка­зи за ефе­ктот?!

Хр­ват­ска не­о­дам­на, на не­кој на­чин, ја ле­га­ли­зи­ра­ше упо­тре­ба­та на мас­ло­то од ка­на­бис. Во Ма­ке­до­ни­ја поч­на де­ба­та. Ми­ни­сте­рот за здрав­ство, Ни­ко­ла То­до­ров, пре­ку отво­ре­на де­ба­та ја поч­на про­це­ду­ра­та за пре­ис­пи­ту­ва­ње на по­вол­но­сти­те што би ги има­ле гра­ѓа­ни­те до­кол­ку ова мас­ло би­де ле­га­ли­зи­ра­но. На­пи­си­те во вес­ни­ци­те или све­дош­тва­та на лу­ѓе­то не се до­каз де­ка ка­на­би­сот ле­ку­ва рак. Се сме­та де­ка до­се­га не­ма до­каз кој е цврст или до­вол­но си­лен за ле­ка­ри­те да поч­нат да го пре­пи­шу­ва­ат овој лек. Оста­ну­ва не­јас­но и кој тип ка­на­би­но­и­ди се ефи­кас­ни, кои се до­зи­те на не­кои ка­на­би­но­и­ди што мо­жат да по­мог­нат, а кои се до­зи­те на ка­на­би­но­и­ди што мо­жат да на­пра­ват по­го­ле­ми ште­ти. Не­кои истра­жу­ва­ња по­ка­жу­ва­ат не­ка­кви ефе­кти на ка­на­би­но­и­ди­те врз кле­тки­те на рак, не­кои, пак, по­ка­жу­ва­ат по­вре­да на клуч­ни кле­тки во крв­ни­те са­до­ви. Во не­кои слу­чаи ка­на­би­но­и­ди­те мо­жат ду­ри да пот­тик­нат и по­раст на кан­це­ро­ге­ни­те кле­тки, но и дру­ги мно­гу не­га­тив­ни ефе­кти, во за­вис­ност од упо­тре­ба­та. Се­пак, има истра­жу­ва­ња што ве­лат де­ка со ком­би­на­ци­ја на хе­мо­те­ра­пи­ја со те­ра­пи­ја со ка­на­би­но­и­ди мо­же да се по­стиг­не до­бар ефект.

– Не­ма­ме до­вол­но кли­нич­ки сту­дии што по­ка­жу­ва­ат де­ка упо­тре­ба­та на ма­ри­ху­а­на­та го ле­ку­ва ра­кот. Ис­пи­ту­ва­ња­та по­ка­жа­ле де­ка таа кај бол­ни­те има ефе­кти за на­ма­лу­ва­ње на бол­ка­та, но тре­ба да се до­ка­же де­ка има ан­ти­ту­мо­рен ефект. Не смее да се за­бо­ра­ви фа­ктот де­ка упо­тре­ба­та на мас­ло­то од ма­ри­ху­а­на во ком­би­на­ции со те­ра­пи­и­те што им ги да­ва­ме на бол­ни­те до­ве­ду­ва до комп­ли­ка­ции. Ед­но е што чи­та­ме на ин­тер­нет, но дру­ги се ре­зул­та­ти­те во ме­ди­ци­на­та – сме­та до­ктор Ми­лан Ри­стев­ски, ди­ре­ктор на Кли­ни­ка­та за он­ко­ло­ги­ја и за ра­ди­о­ло­ги­ја.

До­ктор Игор Куз­ма­нов­ски од Кли­ни­ка­та за не­вро­ло­ги­ја ве­ли де­ка ко­ри­сте­ње­то на ка­на­би­сот вли­јае ефе­ктив­но врз на­ма­лу­ва­ње на му­скул­ни­те гр­че­ви кај мул­тип­лекс скле­ро­за­та, ка­ко и за ре­дук­ци­ја на бол­ки. Но, се­пак, до­да­ва тој, не­ма ва­лид­ни до­ка­зи де­ка ги ле­ку­ва са­ми­те бо­ле­сти.

Да­ли ле­га­ли­за­ци­ја­та на овој пре­па­рат ќе го пот­тик­не по­ра­стот на број­ка­та на за­вис­ни­ци?! Д-р Дар­ко Кр­стев­ски од цен­та­рот за за­вис­ни­ци „8 Сеп­тем­ври“ сме­та де­ка е мно­гу зна­чај­но да се на­пра­ви раз­гра­ни­чу­ва­ње ме­ѓу ко­рис­ни­ци­те на дро­га во ре­кре­а­тив­на цел и тие што ја ко­ри­стат во ме­ди­цин­ски це­ли.

– До­кол­ку се ле­га­ли­зи­ра мас­ло­то од ка­на­бис, не­ма да има­ме до­пол­ни­тел­ни за­вис­ни­ци од мас­ло, би­деј­ќи мла­ди­те, чи­ја­што цел е ри­ту­ал­но­то, про­тив­за­кон­ско на­ба­ву­ва­ње и ко­ри­сте­ње на тре­ва­та, не­ма да го пре­поз­на­ат ка­ко ал­тер­на­ти­ва – ве­ли д-р Кр­стев­ски.

 

Ле­ку­ва сѐ, но не и си­да

Рик Симп­сон е акти­вист-по­бор­ник за ле­га­ли­зи­ра­ње на ме­ди­цин­ска ма­ри­ху­а­на. Рик се из­ле­ку­вал се­бе­си од ме­та­ста­ти­чен рак на ко­жа­та во 2003 го­ди­на и от­то­гаш го по­све­тил сво­јот жи­вот на ши­ре­ње­то на ви­сти­на­та за мас­ло­то од ка­на­бис са­ти­ва.

Рик тре­ти­рал па­ци­ен­ти бол­ни од си­те ти­по­ви за­ра­зи и бо­ле­сти, вклу­чу­вај­ќи си­да, рак, ар­три­тис, мул­тип­лекс скле­ро­за, ди­ја­бе­тес, ле­у­ке­ми­ја, Кро­но­ва бо­лест, де­пре­си­ја, осте­о­по­ро­за, псо­ри­ја­за, ин­сом­ни­ја, аст­ма, ми­гре­ни, ре­гу­ла­ци­ја на те­жи­на­та на те­ло­то, хро­нич­на бол­ка и му­ти­ра­ни кле­тки. По­го­ле­ми­от дел од па­ци­ен­ти­те би­ле ус­пеш­но из­ле­ку­ва­ни, освен тие што би­ле бол­ни од си­да, кои, се­ка­ко, мас­ло­то го ко­ри­сте­ле за уб­ла­жу­ва­ње на бол­ки­те.

Се ба­ра хра­брост

Тие што се за­ла­га­ат за ле­га­ли­за­ци­ја на ка­на­би­сот во ме­ди­цин­ски це­ли ве­лат де­ка со пр­ви­от че­кор не­ма да се до­не­се нај­до­бри­от лек во зем­ја­ва, но, се­пак, е че­кор на­пред, кој да­ва вер­ба де­ка во дог­лед­но вре­ме бил­ка­та ќе би­де ле­гал­на за упо­тре­ба во фор­ма што е нај­до­бра за чо­ве­ко­во­то здрав­је.

Еден од по­бор­ни­ци­те за ле­га­ли­за­ци­ја на ма­ри­ху­а­на­та е ма­ке­дон­ски­от пе­јач Џон Или­ја Апел­грин. Тој за оваа бил­ка се ин­те­ре­си­ра отка­ко за­гу­бил член во се­мејс­тво­то по­ра­ди под­мол­на­та бо­лест. Де­нес, ве­ли тој, жа­ли што во 1995 го­ди­на, ко­га не­го­ва­та мај­ка би­ла бол­на од рак, ин­тер­нет не бил тол­ку до­ста­пен и не­ма­ло до­вол­но ин­фор­ма­ции.

– И мо­ја­та мај­ка за­ми­на, кан­це­рот ја сов­ла­да. Во таа 1995 го­ди­на ин­тер­не­тот бе­ше не­до­стап­на ала­тка за ин­фор­ма­ции. Не мо­жев да рас­по­ла­гам со соз­на­ни­ја­та што ги имам де­нес, ни­ту, пак, за оп­ци­и­те што сто­јат на рас­по­ла­га­ње. Да ми ка­же­ше не­кој де­ка по­стои на­чин ка­ко да ја из­ле­ку­вам мај­ка ми, не­ма­ше да ми би­де важ­но да­ли кр­шам не­кој за­кон или не. Но, не зна­ев – по­со­чи во ед­на при­го­да Ап­ел­грин.

Во кон­вер­за­ци­ја со лу­ѓе што ја има­ат ма­ка­та со под­мол­на­та бо­лест, фор­ми­ра­но е и здру­же­ни­е­то „Ка­на­бис клуб“, кое е еден од ви­нов­ни­ци­те што се на­мет­на отво­ре­на­та де­ба­та во др­жа­ва­та за тоа да­ли мас­ло­то од ма­ри­ху­а­на тре­ба да би­де до­стап­но во зем­ја­та на ле­га­лен на­чин.

– Про­у­чу­ва­ње­то на по­да­то­ци­те ни­ка­ко не тре­ба да би­де од са­мо еден из­вор, ту­ку тре­ба да се про­чи­та­ат спро­тив­ста­ве­ни мис­ле­ња, да се за­чеп­ка мал­ку под­ла­бо­ко и да се дој­де до не­ка­ков став за проб­ле­ма­ти­ка­та за ко­ја са­ка­ме да се ин­фор­ми­ра­ме. Не­бро­е­ни се из­во­ри­те на ин­фор­ма­ции за ле­ко­ви­ти­те својс­тва на ка­на­би­сот во трет­ма­ни­те на по­ве­ќе бо­ле­сти. Не­бро­е­ни се и ин­фор­ма­ци­и­те де­ка ка­на­би­сот не­ма ни­ка­кви ле­ко­ви­ти својс­тва, но до­кол­ку ве ин­те­ре­си­ра кој ги пла­си­ра вто­ри­ве ин­фор­ма­ции, ќе за­бе­ле­жи­те де­ка тоа се др­жав­ни уста­но­ви, до­кто­ри што се сопс­тве­ни­ци на кли­ни­ки „за хро­нич­ни бол­ки” и ме­ди­цин­ски ли­ца, кои ра­бо­тат во ин­те­рес на фар­ма­цев­тски­те ги­ган­ти – по­со­чи во ед­на при­го­да Апел­грин.

Тој сме­та де­ка ме­ди­цин­ска­та фе­ла мо­ра да се за­ин­те­ре­си­ра за мож­но­сти­те што ги ну­ди ова мас­ло. Здру­же­ни­ја­та што се за­ла­га­ат за ле­га­ли­за­ци­ја сме­та­ат де­ла по­ве­ќе­то од па­ци­ен­ти­те во зем­ја­ва поч­ну­ва­ат да го ко­ри­стат мас­ла­та ко­га ве­ќе ле­гал­на­та ме­ди­ци­на не мо­же да на­пра­ви ни­што, ко­га ќе ги пра­тат до­ма. Спо­ред нив, ду­ри и то­гаш има ефект, го­лем број од па­ци­ен­ти­те пре­жи­ву­ва­ат.

– Мно­гу лу­ѓе во Ма­ке­до­ни­ја го ко­ри­стат мас­ло­то, но не збо­ру­ва­ат јав­но. Иск­лу­чок се мал­ку­ми­на што има­ат хра­брост – ве­ли Фи­лип До­стов­ски од „Зе­ле­на ал­тер­на­ти­ва“.

Тој не се сог­ла­су­ва со до­кто­ри­те што твр­дат де­ка не­ма до­вол­но до­ка­зи де­ка ка­на­би­сот ле­ку­ва те­шки бо­ле­сти.

– Сум ви­дел лу­ѓе што се из­ле­ку­ва­ле од на­пред­ни фа­зи на кан­цер со мас­ло­то од ка­на­бис. Јас и са­ми­от имав та­кво искус­тво. Сѐ што ка­жа­вте пред мал­ку е не­точ­но, не мо­же­те да ги спре­чи­те лу­ѓе­то да се ин­фор­ми­ра­ат на ин­тер­нет – до­да­ва тој.

Пишува: Билјана Зафирова
(Текст објавен во 169. број на неделникот „Република“, 27.11.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top