Во домашни услови можете да подготвите и некои природни препарати против целулит.
Измешајте:
1 чаша пченкарно масло
½ чаша сок од грејпфрут
2 лажици сува матерка (Thumus serpyllorum)
Масирајте ги со триење зафатените делови од телото. Покријте ги со најлон, за да ја задржите телесната топлина. За уште поголем ефект ставете електрично перниче врз тој дел и држете го пет минути.
Но, исто така, многу е важно и ова:
– Јадете многу свежо овошје и зеленчук
– Воздржувајте се од преработена храна
– Пијте многу вода, за да ги прочистите клетките од токсини
– Воздржувајте се од газирани напивки (дури и од нискокалоричните)
– Одбегнувајте алкохол, кој штетно се одразува врз црниот дроб, главниот чистач и филтер на телото.
– Обидете се да одите пеш или да трчате речиси трипати неделно по 30-45 минути.
– Тријте ја кожата со четка од природни влакна или со сунѓер. Четкајте со бавни движења во насока кон срцето. Има и специјални ракавици за таа цел, но тие не ви се неопходни. Погрижете се да го правите тоа најмалку по петпати дневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.