| четврток, 6 декември 2018 |

Маскерано се договори со обвинителството

maskerano

Аргентинскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона ќе може да здивне од судиските процеси кои се водат кон него поради затајување на данок во Шпанија.
Тој ќе може целосно да му се посвети на фудбалот откако се договори со јавното обвинителство во случајот против него.
„Кадена Сер“ објави дека Аргентинецот се согласил да плати казна од 816.000 евра, прифаќајќи ја вината во случајот против него.
Иако во одредени ситуации за ваков престап е можна и затворска казна, сепак бил постигнат договор Маскерано да биде ослободен само со покритие на паричните средства за данокот што бил затаен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top