| четврток, 6 декември 2018 |

Кога очајниците избираат очајни и контроверзни партнери

Нон­стоп од Стру­ми­ца во Скоп­је, па – оп, пеш во Ати­на. Сле­ду­ваа Тел Авив и Еру­са­лим, а ме­ѓу нив по­сто­ја­но се оди во Бел­град, а се­га и во Љуб­ља­на. И пак Скоп­је. Ва­ка би изг­ле­да­ла „Оди­се­ја 2015“ на ли­де­рот на СДСМ. Во вре­ме ко­га Ин­сти­ту­тот ИФИМЕС по­ра­ди сво­и­те про­ис­ла­ми­стич­ки ста­во­ви е под оп­сер­ва­ци­ја на Сло­ве­неч­ка­та кон­тра­ра­зуз­на­вач­ка без­бед­нос­на аген­ци­ја?! Се ба­ра­ше ли во Љуб­ља­на ча­ре за ан­ке­ти­те, т.е. ко­неч­но ед­на по­доб­на, до­бра ан­ке­та за пар­ти­ја­та? Ма­кар до­те­ра­на. А из­бо­рот на кон­тро­верз­ни парт­не­ри ка­ко да е дел од би­ти­су­ва­ње­то на СДСМ...

Слу­чај­но или не, а по­ве­ро­јат­но вто­ро­то, нај­но­ва­та, љуб­љан­ска оди­се­ја на спа­си­те­лот од Мур­ти­но сле­ду­ва вед­наш по обе­ло­де­ну­ва­ње­то на срп­ска­та вр­ска на СДСМ, ко­ја во­ка­бу­лар­ски и ре­зул­тат­ски гле­да­но и не би­ла нај­љу­без­на кон ли­де­рот. Сле­ду­ва вед­наш по ка­та­стро­фал­но­то изра­ел­ско па­те­шес­твие. Да­ли се­га пар­ти­ја­та очај­нич­ки ба­ра спас од нај­а­ве­на­та про­паст во април 2016 го­ди­на? Три уда­ри ги нич­ко­саа на­де­жи­те. Пр­ви­от бе­ше ток­му ан­ке­та­та на „Ре­пуб­ли­ка“, сле­ду­ва­ше не­ко­гаш опо­зи­ци­ска­та „Бри­ма га­луп“, а ка­пак ста­ви ре­но­ми­ра­на­та ИРИ. По се­то ова, поз­на­ва­чи­те ве­лат – да, де­фи­ни­тив­но, се ба­ра спас за „спа­си­те­лот“ и за не­го­во­то мно­гу­чед­но, ко­рум­пи­ра­но ста­до. Ра­зо­ча­ра­ни од ло­ши­те ре­зул­та­ти на срп­ска­та аген­ци­ја, ко­ја ги чи­не­ше мно­гу, а во не­мож­ност да ја пре­ки­нат оваа ска­па про­даж­ба на маг­ла, чел­ни­ци­те пој­доа во по­хо­дот, кој зна­чи и спас на сопс­тве­на­та ко­жа и сло­бо­да со упо­тре­ба на си­те пар­ти­ски ре­сур­си. Ве­ро­јат­но и на де­бе­ло­то порт­мо­не на се­мејс­тво­то За­е­ви, кое е и глав­ни­от фи­нан­си­ер, факт што не­о­дам­на мош­не итро го обе­ло­де­ни и са­ми­от не­при­кос­но­вен ли­дер.

Реј­тин­гот во Ма­ке­до­ни­ја ги со­бо­ру­ва си­те нес­лав­ни ре­кор­ди, а За­ев про­да­ва „ви­сти­на“ и маг­ла низ Сло­ве­ни­ја?! А за не­бу­ло­за­та да би­де уште по­го­ле­ма – во пер­и­од ко­га за ку­со вре­ме има вр­тог­лав, 30-про­цен­тен пад на до­вер­ба­та, тој ја „ди­га“ со по­се­та на нај­кон­тро­верз­ни­от „ин­сти­тут“ на по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски про­сто­ри?! Во од­нос на овој „ин­сти­тут“, ма­ке­дон­ски­от „Реј­тинг“ и не­го­ви­те гре­шки се ма­ли де­ца и бла­га сме­шка. Збо­ру­ва­ме за т.н. ин­сти­тут, кој знае да по­гре­ши и за по­ве­ќе од 40 про­цен­ти во Бос­на, има не­ве­ро­јат­ни гре­шки во Ср­би­ја и во Хр­ват­ска, а за кој Ма­ке­до­ни­ја , се­пак, е ре­кор­дер во гре­шки­те. Пред са­мо пет го­ди­ни исти­от тој ИФИМЕС „об­ја­ви“ три­про­цент­на раз­ли­ка ме­ѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. След­на­та го­ди­на имав­ме пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри. Ко­ли­ци­ски­те пра­те­ни­ци беа во со­од­нос 56:42, а ре­ал­но, без „са­те­ли­ти­те“, имаа 47 нас­пре­ма 29 пра­те­ни­ци или раз­ли­ка од не­ве­ро­јат­ни 61 про­цент во број на пар­ла­мен­тар­ци. Утка на де­це­ни­ја­та во спо­ред­ба со ко­ја „по­бе­да­та“ на Пен­да­ров­ски на „Реј­тинг“ изг­ле­да смеш­на. Но СДСМ ви­де од­ли­чен парт­нер во нив – ко­неч­но, лу­ѓе и „ана­ли­ти­ча­ри“ што ќе му го ка­жат тоа што са­ка да го слуш­не!

analiza169-2

Дел од нај­го­ле­ми­те утки на ИФИМЕС:

  • 2004 го­ди­на: То­мис­лав Ни­ко­лиќ ќе ста­не пре­тсе­да­тел на Ср­би­ја. По­бе­ди Бо­рис Та­диќ…
  • 2004 го­ди­на: БиХ ќе ја пов­ле­че туж­ба­та во Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та во Хаг про­тив СЦГ за ге­но­цид. Ни­што. И две го­ди­ни по­доц­на ја лан­си­раа иста­та те­за. По­втор­но ни­што.
  • 2006 го­ди­на: Еден ме­сец пред ре­фе­рен­ду­мот за не­за­вис­ност на Цр­на Го­ра ИФИМЕС об­ја­ви де­ка по­стои та­ен до­го­вор ме­ѓу Под­го­ри­ца и Ко­шту­ни­ца и де­ка од ре­фе­рен­ду­мот не­ма да би­де ни­што. Цр­но­гор­ци­те се от­це­пи­ја…
  • 2008 го­ди­на: Об­ја­ви­ја де­ка на пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри во Ср­би­ја То­мис­лав Ни­ко­лиќ е нај­ве­ро­ја­тен по­бед­ник. И то­гаш по­бе­ди Та­диќ…
  • 2008 го­ди­на: Пред из­бо­ри­те во Ср­би­ја пред­ви­ду­ва­ат: „Нај­ве­ро­јат­но сце­на­рио еде­ка ДСС ќе оди во ко­а­ли­ци­ја со СРС“. Вла­да­та ја фор­ми­ра­ше ДС со парт­не­ри­те…
  • 2010 го­ди­на: Об­ја­ви де­ка раз­ли­ка­та ме­ѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Е три про­цен­ти. Пар­ти­ја­та на Гру­ев­ски на из­бо­ри­те во 2011 го­ди­на за­вр­ши со 56 пра­те­ни­ци, Цр­вен­ков­ски со 42. Ре­ал­но, ВМРО-ДПМНЕ без ко­а­ли­ци­ски­те пар­тии има­ше 47 ман­да­ти, СДСМ 29. Раз­ли­ка од 61 про­цент, а не три про­цен­ти ка­ко што прог­но­зи­ра­ше ИФИМЕС…
  • 2015 го­ди­на: Прог­но­за: „Иво Јо­си­по­виќ ќе по­бе­ди на из­бо­ри­те во Хр­ват­ска“. Иа­ко тес­но, но во вто­ри­от круг по­бе­ди Ко­лин­да Гра­бар-Ки­та­но­виќ…

 

Slavko-Jovcic-200Пра­те­ни­кот Јов­чиќ: Фан­том­ска НВО од ко­ја ви се га­ди жи­во­тот!

Бо­сан­ски­от пра­те­ник Сла­вко Јов­чиќ ,на пра­ша­ње­то што е ИФИМЕС, во ед­но свое из­ла­га­ње ве­ли де­ка таа кра­тен­ка е на­ста­на­та од це­лос­ни­от на­зив на оваа фан­том­ска нев­ла­ди­на ор­га­ни­за­ци­ја.

ЈОВЧИЌ: По пр­ви­от из­ве­штај што ми при­стиг­на на е-по­шта, вед­наш ре­а­ги­рав и на нив­на адре­са ис­пра­тив мол­ба да ме из­бри­шат од ко­ле­ктив­ни­от спи­сок на пра­те­ни­ци и на вра­бо­те­ни во Пар­ла­мен­тот на БиХ и нај­уч­ти­во ги мо­лев да не ми ги ис­пра­ќа­ат сво­и­те памф­ле­ти, од кои на се­кој нор­ма­лен чо­век мо­же са­мо да му се зга­ди жи­во­тот.

За да се раз­бе­ре за ка­ков т.н. ин­сти­тут се ра­бо­ти, до­вол­но е да се пог­лед­не кои се глав­ни­те ли­ко­ви во ра­ко­водс­тво­то и кои се нај­бит­ни­те чле­но­ви на ор­га­ни­за­ци­ја­та, на кои, очиг­лед­но, функ­ци­и­те им се ми­зер­ни, па се на­рек­ле и „ана­ли­ти­ча­ри“?! Што е нив­на­та ос­нов­на за­да­ча? За да се да­де од­го­вор на ова пра­ша­ње, не мо­ра­те мно­гу да се тру­ди­те. Нив­на за­да­ча е да фа­бри­ку­ва­ат раз­ни тек­сто­ви, со кои се, или ќе се де­ста­би­ли­зи­ра по­ли­тич­ка­та, без­бед­нос­на­та и еко­ном­ска­та со­стој­ба на про­сто­ри­те на зем­ји­те на­ста­на­ти на ур­на­ти­ни­те на не­ко­гаш­на­та за­ед­нич­ка СФРЈ. Во ед­на од сво­и­те ана­ли­зи, „екс­пер­ти­те“ на ИФИМЕС прог­но­зи­раа де­ка Ми­ло­рад До­дик ќе за­вр­ши во Хаг и ќе би­де осу­ден на де­це­ни­ска каз­на за сто­ре­ни­те во­е­ни зло­сторс­тва? По не­ко­ја слу­чај­ност, до­кол­ку Ге­белс бе­ше жив и ја про­чи­та­ше ана­ли­за­та на овој ин­сти­тут, нај­ве­ро­јат­но вед­наш би се убил, по­ра­ди тоа што би се уве­рил де­ка „збир­шти­на­та“ од ИФИМЕС ги над­ми­на­ла си­те по­стој­ни и не­по­стој­ни ла­ги, ин­три­ги, кле­ве­ти итн…

 

Сло­ве­неч­ки „Ре­пор­тер“ ги раз­об­ли­чи на­ме­ри­те на За­ев

За­ев за­ми­на во Сло­ве­ни­ја со пом­пез­на нај­а­ва на СДСМ де­ка оди на сред­би со др­жав­ни­от врв и со цел да др­жи пре­да­ва­ња за не­го­ви­те „бом­би.“ Ни­кој не ни спо­ме­на де­ка та­му е по по­ка­на на кон­тро­верз­ни­от ИФИМЕС, да­де­на уште на 1 октом­ври 2015 го­ди­на, ко­га тој бе­ше гост во Скоп­је? Бе­ше чуд­но што со Бо­рут Па­хор не­ма­ше ни­ту фо­то­гра­фи­ја, ту­ку са­мо праз­но со­оп­ште­ние, но се „оправ­да“ со фо­то­гра­фи­ја­та со ви­це­пре­ми­е­рот и ли­дер на сло­ве­неч­ка­та со­ци­јал­де­мо­крат­ска пар­ти­ја… Ве­ро­јат­но, из­ви­ну­ва­ња­та на Цр­вен­ков­ски до Па­хор за вме­шу­ва­ње­то во „На­деж“ го на­пра­ви­ја сво­е­то, иа­ко и на­та­му тој е по­ра­не­шен прв чо­век на се­стрин­ска­та пар­ти­ја, а Зо­ран Та­лер не­гов со­пар­ти­ец. По­тек­ло­то на по­ка­на­та ни го откри­ја сло­ве­неч­ки­те ко­ле­ги од „Ре­пор­тер“, еден од нај­ти­раж­ни­те не­дел­ни­ци во др­жа­ва­та. Овој пат, во Љуб­ља­на не­ма­ше ма­ке­дон­ски но­ви­на­ри ни­ту од по­доб­ни­те ме­ди­у­ми, кои прем­но­гу го из­ма­чи­ја ли­де­рот во Изра­ел. Ка­ко и да е, во тек­стот нас­ло­вен „Ле­ви­ча­рот За­ев про­да­ва ’ви­сти­на‘ и во Сло­ве­ни­ја“, „Ре­пор­тер“ нав­ле­зе во су­шти­на­та на т.н. со­ци­јал­де­мо­кра­ти­ја на по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски­те про­сто­ри, опи­шу­вај­ќи ја ка­ко „збир­шти­на“ на пар­тии, кои сво­и­те вли­ја­ни­ја се­ка­де ги те­ме­лат на про­фе­со­ри­те од оп­штес­тве­ни­те фа­кул­те­ти и оста­ви­на­та од ко­му­ни­стич­ки­те ели­ти. За жал на СДСМ, кон­ста­ти­раа и де­ка со на­сил­ни про­те­сти се оби­доа да ја ур­нат ле­ги­тим­но из­бра­на­та вла­да на ВМРО-ДПМНЕ. Вли­ја­тел­ни­от по­ли­тич­ки не­дел­ник го опи­ша За­ев ка­ко „ка­ри­е­рист“, кој вле­гол во СДСМ са­мо по­ра­ди во­е­ни­от конф­ликт, кој им дал пот­тик за по­бе­да на из­бо­ри­те. Не­дел­ни­кот не за­бо­ра­ви ни­ту на афе­ра­та „Те­ле­ком“ во ко­ја е вме­шан СДСМ, ка­ко и на афе­ра­та за при­мен по­ткуп за ко­ја За­ев ќе се нај­де на суд. Сло­вен­ци­те по­тсе­ти­ја де­ка ток­му За­ев бе­ше або­ли­ран од не­го­ви­от по­ли­тич­ки мен­тор Цр­вен­ков­ски, и са­ми­от вме­шан во афе­ра по­вр­за­на со сло­ве­неч­ки­от „При­стоп“.

„Ре­пор­тер“ наг­ла­су­ва де­ка ин­сти­ту­тот ИФИМЕС по­ра­ди сво­и­те про­ис­ла­ми­стич­ки ста­во­ви е под оп­сер­ва­ци­ја на Сло­ве­неч­ка­та кон­тра­ра­зуз­на­вач­ка без­бед­нос­на аген­ци­ја.

 

Aleksandar-Pandov-300Пан­дов: Оче­ку­вај­те но­ва ан­ке­та на ИФИМЕС!

Ни­ту во еден мо­мент не сме­е­ме да ја за­бо­ра­ви­ме ан­ке­та­та на уг­лед­ни­от аме­ри­кан­ски ин­сти­тут (ИРИ) и ре­зул­та­ти­те, кои бев­ме во мож­ност да ги слуш­не­ме и ви­ди­ме, ве­ли ана­ли­ти­ча­рот Але­ксан­дар Пан­дов, кој во по­се­та­та на За­ев гле­да бол­на жел­ба на пар­ти­ја­та за по­доб­на ан­ке­та за СДСМ.

ПАНДОВ: Да по­тсе­там на таа ан­ке­та, две­те глав­ни пра­ша­ња што ги за­се­га­ат пар­ти­те и нив­ни­те чле­но­ви се кол­кав е реј­тин­гот на нив­ни­те пар­тии и кол­кав е реј­тин­гот на нив­ни­от ли­дер. Ре­зул­та­тот бе­ше ВМРО – 24 про­цен­ти, до­де­ка СДСМ – 12 про­цен­ти. Во де­лот на ли­де­ри­те Гру­ев­ски – 18 про­цен­ти, а За­ев – 5 про­цен­ти до­вер­ба од гра­ѓа­ни­те. На се­кој што ги сле­ди из­бор­ни­те про­це­си во Ма­ке­до­ни­ја му е јас­но де­ка тоа е раз­ли­ка што га­ран­ти­ра ап­со­лут­на по­бе­да на ВМРО и за тоа пра­ша­ње не по­стои ди­ле­ма, единс­тве­но­то пра­ша­ње е со кол­ку раз­ли­ка! Тоа им е јас­но и на чле­но­ви­те и на сим­па­ти­зе­ри­те на СДСМ. Јас­но му е и на За­ев! Но, јас­но му е и де­ка се­то ова не­го­ви­те под­др­жу­ва­чи ги пра­ви уште по­де­пре­сив­ни и по­не­мо­ти­ви­ра­ни за ка­ква би­ло пар­ти­ска ак­ци­ја, а из­бо­ри­те се за пет ме­се­ци. Во па­ни­ка де­ка не­ма да мо­же да нај­де ни пет лу­ѓе што ќе за­ста­нат зад не­го, се ре­ша­ва на по­тег што и му при­ле­га, да си на­ра­ча кон­тра­ан­ке­та, ко­ја ќе по­ка­же де­ка СДСМ му ди­ше во врат на ВМРО, а За­ев ќе го прет­ста­ви ка­ко ли­дер со нај­го­ле­ма до­вер­ба. Све­сен де­ка аген­ци­ја­та „Реј­тинг“ на Ѓор­ѓи Спа­сов не по­ми­ну­ва ни кај не­го­ви­те нај­твр­ди под­др­жу­ва­чи, ре­шил да ан­га­жи­ра стран­ска аген­ци­ја. Ка­ко нај­из­ви­ка­на ја на­о­ѓа ИФИМЕС, ко­ја слич­но на „Реј­тинг“, пра­ви гре­шки за одре­де­ни пра­ша­ња и до 40 про­цен­ти! Си­гу­рен сум де­ка во ид­но вре­ме ќе слуш­не­ме ан­ке­та на ИФИМЕС со ре­зул­та­ти ка­ко што ви на­ве­дов. Ако зе­ме­ме пред­вид де­ка на ма­ке­дон­ска по­ли­тич­ка сце­на единс­тве­ни под­др­жу­ва­чи му се са­мо уште пла­те­ни­ци­те на Со­рос од ран­гот на Бран­ко Ге­ров­ски, Ко­ља Мрак и Са­ше По­ли­ти­ко, се­ко­му ве­ќе му е јас­но ка­ков бед­ник е За­ев. За жал, ќе мо­ра­ме да из­др­жи­ме уште пет ме­се­ци пред овој або­ли­ран кри­ми­на­лец ма­ке­дон­ски­от на­род да го ис­пра­ти во по­ли­тич­ка­та исто­ри­ја, а пра­во­суд­ни­от си­стем во ин­сти­ту­ци­ја што му при­ле­га…

 

analiza169-3

ИФИМЕС об­ја­ву­ва ре­зул­та­ти по на­рач­ка

Сло­бод­на Дал­ма­ци­ја уште во да­леч­на­та 2007 го­ди­на утвр­ди де­ка ИФИМЕС, од­нос­но ди­ре­кто­рот Аљаф Бах­ти­јар, во­оп­што и не спро­ве­ду­ва иста­жу­ва­ња на јав­но­то мис­ле­ње, ту­ку са­мо ги об­ја­ву­ва ре­зул­та­ти­те спо­ред по­тре­ба­та на на­ра­ча­те­лот. По овој текст, ис­пра­тен до си­те ам­ба­са­ди, ИФИМЕС пре­ста­ну­ва да ги об­ја­ву­ва ан­ке­ти­те на не­по­стој­ни­те истра­жу­ва­ња. И ре­но­ми­ра­ни­от „Ју­тар­њи лист“ го по­со­чу­ва  ИФИМЕС ка­ко „ком­про­ми­ти­ран ин­сти­тут,  чи­и­што тен­ден­ци­оз­ни ана­ли­зи ни­кој во ре­ги­о­нот не са­ка да ги пре­не­су­ва“. Но кој е ин­сти­ту­тот што го вра­бо­ту­ва ирач­ки­от Курд и но­ви­нар Бах­ти­јар и Бо­са­не­цот со сло­ве­неч­ка адре­са Бе­ќи­ро­виќ? Дип­ло­ма­тот со нај­до­бра ре­пу­та­ци­ја во по­ра­неш­на СФРЈ и пос­ле­ден со­ју­зен ми­ни­стер за над­во­реш­ни ра­бо­ти, член на ОЗНА и на УДБА, Бу­ди­мир Лон­чар, за „Сло­бод­на Дал­ма­ци­ја“ ве­ли: „Ме­сиќ од ме­не ба­ра­ше да би­дам пре­тсе­да­тел на тоа со­ве­то­дав­но те­ло. Јас тие лу­ѓе од ИФИМЕС не ги поз­на­вам, не ни знам што пи­шу­ва­ат. Не до­би­вам ни­ка­кви па­ри за тоа и не сум од­го­во­рен за нив­на­та ра­бо­та!“

 

Соработник на радикални исламски структури ќе прави анкета за СДСМ

Во својот обид да добие поддршка барем од некого, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, замина за Словенија, но неговите соработници не го предупредиле дека и таму може да го снајдат проблеми. Еден од луѓето во Институтот ИФИМЕС, кој на Балканот и на Блискиот Исток важи за „институт по нарачка“, се поврзува со радикални исламистички структури за кои работел откако му била исплатена соодветна сума. Целта била јавноста во различни земји од поранешна Југославија со наводните анкети на ИФИМЕС да добие поинаква слика од таа што реално постои.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 169. број на неделникот „Република“, 27.11.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top