| четврток, 6 декември 2018 |

Даниел Михајловски, еден од 14-те млади лидери во светот: Ќе се за­ла­гам за при­стој­на ра­бо­та и за еко­ном­ски по­раст во Ма­ке­до­ни­ја

Во ид­ни­на, јас ја гле­дам Ма­ке­до­ни­ја ка­ко дел од Европ­ска­та уни­ја и од НАТО би­деј­ќи ве­ру­вам во по­ли­ти­ка­та на ЕУ. Мо­ра­ме под ит­но да го ре­ши­ме проб­ле­мот со Гр­ци­ја, не са­мо тоа, ту­ку да го ис­пол­ни­ме и дру­ги­от дел од ус­ло­ви­те. Сѐ уште кај нас по­стои ди­скри­ми­на­ци­ја по не­кол­ку ос­но­ви, но за тоа не е ви­нов­на са­мо по­ли­ти­ка­та, ту­ку ста­ну­ва збор за чо­веч­но­ста на лу­ѓе­то. За жал, љу­бо­мо­ра­та е вро­де­на во нас, ве­ли мла­ди­от ли­дер Ми­хај­лов­ски

Да­ни­ел Ми­хај­лов­ски има 24 го­ди­ни и е еден од че­ти­ри­на­е­сет­те свет­ски мла­ди ли­де­ри. Тој е дип­ло­ми­ран ме­на­џер по ме­ѓу­на­ро­ден мар­ке­тинг, кој ја под­го­тву­ва ма­ги­стра­ту­ра­та. Вра­бо­тен е во Ми­ни­стерс­тво­то за фи­нан­сии со про­гра­ма­та на Ми­ни­стерс­тво­то за труд и за со­ци­јал­на по­ли­ти­ка за вра­бо­ту­ва­ње де­ца без ро­ди­те­ли во 2013 го­ди­на. Во из­ми­на­ти­ов пер­и­од има­ше сред­ба со Бан Ки Мун, ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на ОН и со ви­со­ки­те прет­став­ни­ци на ЕУ. Ми­хај­лов­ски мо­же и тре­ба да би­де при­мер за мно­гу мла­ди лу­ѓе. Тој не­ма ро­ди­те­ли и по­рас­нал во СОС Дет­ско­то се­ло. Но, со мно­гу труд, жел­ба и зна­е­ње, де­нес е еден од че­ти­ри­на­е­сет­те мла­ди ли­де­ри во све­тот. Ин­терв­ју­то го пра­вев­ме пред не­го­во­то за­ми­ну­ва­ње за Мин­хен, на кон­фе­рен­ци­ја.

Мо­же ли да ни ја рас­ка­жеш при­каз­на­та ка­ко Да­ни­ел Ми­хај­лов­ски стиг­на да би­де еден од че­ти­ри­на­е­сет­те свет­ски мла­ди ли­де­ри?

МИХАЈЛОВСКИ: Сѐ бе­ше слу­чај­но. Јас бев згри­жен во СОС Дет­ско­то се­ло и за про­гра­ма­та за Ид­ни ли­де­ри на Европ­ска­та уни­ја (ЕУ) доз­нав пре­ку СОС Дет­ско­то се­ло. Искре­но, не зна­ев за што ста­ну­ва збор. Ап­ли­ци­рав и од вкуп­но 174 кан­ди­да­ти од це­ли­от свет вле­гов во по­тес­ни­от круг и ме из­браа за еден од че­ти­ри­на­е­сет­те свет­ски мла­ди ли­де­ри за да го пред­во­ди­ме све­тот во ид­ни­на. Се­кој од нас че­ти­ри­на­е­сет­ми­на ра­бо­ти на раз­лич­на проб­ле­ма­ти­ка и се за­ла­га­ме за по­до­бра ид­ни­на на мла­ди­те во се­ко­ја за­ед­ни­ца на гло­бал­но ни­во.

Кои се дру­ги­те 13 свет­ски ли­де­ри, од ка­де до­а­ѓа­ат, се за­поз­на­вте ли, раз­ме­ни­вте ли искус­тва?

МИХАЈЛОВСКИ: Си­те бев­ме за­ед­но сме­сте­ни во апарт­ма­ни во цен­та­рот на Бри­сел две не­де­ли ка­де што це­ло вре­ме раз­ме­ну­вав­ме искус­тва за на­ши­те зем­ји од ка­де што до­а­ѓа­ме. За­ед­но ос­тва­ру­вав­ме би­ла­те­рал­ни сред­би со ви­со­ки прет­став­ни­ци од Европ­ска­та ко­ми­си­ја ка­ко што се Ми­ми­ка, Јун­кер, Шулц, прет­став­ни­ци од ка­би­не­тот на Фе­де­ри­ка Мо­ге­ри­ни и Бан Ки Мун, кои нѐ под­го­тву­ваа за европ­ски­те де­но­ви за раз­вој, кои се одр­жаа на 3 и на 4 ју­ни го­ди­на­ва, ка­де што имав­ме па­нел-ди­ску­сии по­вр­за­ни со две­те го­ле­ми кам­па­њи на Бан Ки Мун „На­ши­от свет, до­сто­инс­тво и ид­ни­на“ со ак­цент на мла­ди­те и на Мо­ге­ри­ни „По­ве­ќе по­вр­зан, вни­ма­те­лен и комп­ле­ксен свет“ за ре­ша­ва­ње­то на гло­бал­ни­те проб­ле­ми во све­тот. Ние ко­му­ни­ци­ра­ме и со­ра­бо­ту­ва­ме и по­на­та­му, Европ­ска ко­ми­си­ја ре­дов­но ги сле­ди на­ши­те актив­но­сти пре­ку со­ци­јал­ни­те мре­жи и блог. Јас сум во ре­дов­на ко­му­ни­ка­ци­ја и со ор­га­ни­за­то­ри­те од Бри­сел од ЕУ ка­де што в го­ди­на би би­ле и ор­га­ни­за­то­ри на са­ми­от на­стан. Дру­ги­те ли­де­ри се од раз­лич­ни де­ло­ви од све­тот – Ма­ро­ко, Па­ра­гвај, Ка­на­да, Ин­ди­ја, Уган­да, Ке­ни­ја, Бра­зил, кои ра­бо­тат на раз­лич­ни про­е­кти.

Daniel mihajlovski (6) (Custom)

Јас сум во ре­дов­на ко­му­ни­ка­ци­ја и со ор­га­ни­за­то­ри­те од Бри­сел од ЕУ ка­де што в го­ди­на би би­ле и ор­га­ни­за­то­ри на са­ми­от на­стан

 

Ра­ска­жи ни за искус­тво­то и за сред­ба­та со ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на ОН Бан Ки Мун.

МИХАЈЛОВСКИ: Сред­ба­та со ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на ООН бе­ше из­не­на­ду­ва­ње за си­те нас. По­ба­ра од нас да се вклу­чи­ме во аген­да­та Пост 2015 го­ди­на, ко­ја се усвои во сеп­тем­ври го­ди­на­ва во Њу­јорк на Ге­не­рал­но­то со­бра­ние од си­те зем­ји-член­ки на ООН ме­ѓу кои сме и ние. До­бив­ме лич­на по­ка­на од пре­тсе­да­те­лот на 69. Ге­не­рал­но со­бра­ние и оваа го­ди­на бев­ме во Њу­јорк ка­де што се усво­ју­ваа 17 гло­бал­ни це­ли. Јас ка­ко единс­твен прет­став­ник за мла­ди од Ма­ке­до­ни­ја ќе се за­ла­гам за при­стој­на ра­бо­та и за еко­ном­ски по­раст во Ма­ке­до­ни­ја. Учес­тву­вав во раз­лич­ни про­е­кти и актив­но­сти на нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции, осо­бе­но во про­е­ктот, чи­ја­што цел бе­ше под­др­шка за вра­бо­ту­ва­ње де­ца без ро­ди­те­ли и ро­ди­тел­ска гри­жа за­ед­но со мо­ја­та нај­до­бра дру­гар­ка Сил­ва­на со ко­ја за­ед­но израс­нав во СОС Дет­ско­то се­ло и сѐ уште жи­ве­е­ме за­ед­но под ки­ри­ја со неј­зи­ни­те бра­ќа и со уште еден ци­мер. До­се­га се вра­бо­те­ни 143 де­ца без ро­ди­те­ли во др­жав­ни ин­сти­ту­ции, но, спо­ред мо­е­то искус­тво, сме­там де­ка тре­ба да се пот­тик­не при­ват­ни­от се­ктор да вра­бо­ту­ва де­ца без ро­ди­те­ли.  

11351218_1119341931426624_7820477840687782479_n

Ка­ко ја гле­даш ти Ма­ке­до­ни­ја во ид­ни­на?

МИХАЈЛОВСКИ: Во ид­ни­на јас ја гле­дам Ма­ке­до­ни­ја ка­ко дел од Европ­ска­та уни­ја и НАТО би­деј­ќи ве­ру­вам во по­ли­ти­ка­та на ЕУ. Мо­ра­ме под ит­но да го ре­ши­ме проб­ле­мот со Гр­ци­ја, не са­мо тоа, ту­ку да го ис­пол­ни­ме и дру­ги­от дел од ус­ло­ви­те. Сѐ уште кај нас по­стои ди­скри­ми­на­ци­ја по не­кол­ку ос­но­ви, но за тоа не е ви­нов­на са­мо по­ли­ти­ка­та ту­ку ста­ну­ва збор за чо­веч­но­ста на лу­ѓе­то. Љу­бо­мо­ра­та, за жал, е вро­де­на во нас.

Daniel mihajlovski (7) (Custom)

Има мно­гу ква­ли­тет­ни мла­ди обра­зо­ва­ни ли­ца, со мно­гу ви­сок сте­пен и про­сек, кои тра­га­ат по ра­бо­та

Ве­лиш де­ка тво­ја­та ге­не­ра­ци­ја е ед­на од нај­о­бра­зо­ва­ни­те во исто­ри­ја­та, но те­шко до­а­ѓа до при­стој­на ра­бо­та. Ка­ко мо­же да се про­ме­ни тоа?

МИХАЈЛОВСКИ: Мо­ја­та ге­не­ра­ци­ја е ед­на од нај­о­бра­зо­ва­ни­те во исто­ри­ја­та, ко­ја те­шко до­а­ѓа до при­стој­на ра­бо­та и тоа мо­же да се про­ме­ни са­мо ако до­вол­но си го це­ни­ме на­ши­от труд и ба­ра­ме ра­бо­то­дав­ци­те да го це­нат исто­то. Има мно­гу ква­ли­тет­ни мла­ди обра­зо­ва­ни ли­ца, со мно­гу ви­сок сте­пен и про­сек, кои тра­га­ат по ра­бо­та. Не е ра­бо­та­та са­мо да го вра­бо­тиш мла­ди­от чо­век на ка­ква би­ла по­зи­ци­ја, тој млад чо­век тре­ба да мис­ли на сво­ја­та ид­ни­на, ако до­вол­но е под­го­твен и се тру­ди, ако но­си при­хо­ди во са­ма­та ком­па­ни­ја, тре­ба да би­де пре­поз­на­ен. За жал, јас ра­бо­там на нај­ни­ско ра­бот­но ме­сто во ад­ми­ни­стра­ци­ја, прем­но­гу се тру­дам да им из­ле­зам в пре­срет на гра­ѓа­ни­те што ги опс­лу­жу­вам во про­е­ктот ед­но евро за еден ква­дра­тен ме­тар за при­ва­ти­за­ци­ја на зем­ји­ште и сл. На­ско­ро ќе ма­ги­стри­рам, ја прет­ста­ву­вам Ма­ке­до­ни­ја во нај­го­ле­ми­те свет­ски по­ли­тич­ки ор­га­ни­за­ции ЕУ и ООН со на­деж де­ка ќе ми се да­де шан­са да при­до­не­сам за Ма­ке­до­ни­ја и во са­ма­та ин­сти­ту­ци­ја. Да не би­дам сфа­тен по­греш­но, сѐ пра­вам и ќе на­пра­вам за да ус­пе­ам во Ма­ке­до­ни­ја, да ми се да­де шан­са, да се иско­ри­стат мо­и­те зна­е­ња и ве­шти­ни, но ако ви­дам де­ка не­ма ни­што од тоа во дог­лед­но вре­ме, и јас ќе ба­рам на­чин да из­гра­дам ка­ри­е­ра во дру­га зем­ја, ка­де што ќе би­дам це­нет и по­чи­ту­ван.

Ка­де се гле­даш се­бе­си во ид­ни­на? Во ко­ја на­со­ка би са­кал да се раз­ви­ва тво­ја­та ка­ри­е­ра?

МИХАЈЛОВСКИ: Се­бе­си се гле­дам ка­ко чо­век на на­ро­дот. Сам сум се бо­рел во жи­во­тот со под­др­шка од СОС Дет­ско­то се­ло и вла­ди­ни­те мер­ки за де­ца без ро­ди­те­ли и нај­до­бро знам кол­ку е те­шко да се бо­риш за да на­пра­виш не­што за се­бе. Та­ка што се гле­дам или на по­ли­тич­ка­та сце­на во не­кои дру­ги ус­ло­ви или во дип­ло­ма­ти­ја­та, да ја прет­ста­ву­вам и про­мо­ви­рам Ма­ке­до­ни­ја во све­тот.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ски

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top