Откако и офцијално беше соопштено дека Македонската кошаркарска федерација не се договори со Марин Докузовски да го преземе изспразнетото селекторско место во националниот состав, Управниот одбор вчера попладне на состанокот одлучи да дополнително да се разгледаат предлозите за нов селектор.
МКФ наредниот период, врз основа на дополнителни анализи и предлози, ќе донесе одлука дали нов селектор на репрезентацијата ќе биде македонски тренер или, пак, странец, и врз основа на таа одлука потоа ќе биде одлучено и околу новото име.
Потпретседателот на МКФ, Илија Пенов ги демантираше и шпекулациите дека, покрај со Марин Докузовски, е разговорано и со други потенцијални имиња за нов селектор.
– Не беа точни информациите во медиумите дека е размислувано и околу некои други имиња. Единствено преговоравме со Марин Докузовски, и не беше разгледувано ниту едно друго име, ниту пак беше разговорано со било кого, освен со Докузовски – истакна Пенов.
Во продолжението на состанокот на УО од МКФ, беше истакната и определбата на МКФ во иднина повеќе во домашните првенства да бидат форсирани домашните кошаркари, за што на 15 декември ќе се разговара и со клубовите од Првата лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“