| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Новиот оглас за распределба на државно земјоделско земјиште можност за нови вработувања

Новиот оглас за распределба на државно земјоделско земјиште кој е распишан денеска отвора можност за нови вработувања, за самовработувања, но и за домашни и странски компании да отпочнат производство на земјоделски производи или да отворат капацитети за нивна преработка поради големината на парцелите, изјави денеска во Виница премиерот Никола Груевски. ­

vin

 

– Нов оглас за распределба на државно земјоделско земјиште е објавен денеска. Објавени се три огласи. Првите два се за капацитети за преработка на земјоделски производи, а третиот е за земјоделско производоство по избор на оној кој ќе ја земе земјата. Сите парцели ќе бидат над три хектари, што е можност за посериозно производство и ќе има јавна лицитација за оние кои ќе сакаат да конкурираат за земање на тоа земјиште. Тука има голем потенцијал и за многу вработувања и за зголемување на извозот и за самовработување, така што очекувам да има голем интерес, рече премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

 

Тој додаде дека огласено е ржавно земјиште во повеќе региони, во Куманово, во штипско ­ светиниколскиот регион, каде е и Џумајлија, ги има во ресенскиот регион и други региони низ Македонија.

Премиерот Груевски притоа упати повик до сите домашни, но и индивидуални странски компании кои се заинтересирани за земање под закуп земјоделско земјиште заради земјоделско производство или отворање капацитети за преработка на земјоделски производи да се јават на огласот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top