Ако често имате уринарни или генитални инфекции, причина може да биде тоа што погрешно ја употребувате тоалетната хартија, односно што не одржувате добра хигиена.
Постојат неколку грешки за кои може да не сте свесни, а постојано да ги правите. За жал, тие грешки не се безопасни, туку предизвикуваат инфекции и иритации.
Еве како можете да ги поправите тие грешки:
1. Предолго седите на тоалетот
Понекогаш може да ви се случи да останете подолг период на тоалетот, но додека седите вие се напрегате постојано па можете да се појават хемороиди.
Ако овој проблем често ви се случува, немојте да седите во исчекување, туку малку станете и прошетајте.
2. Премногу се бришете
Во овој случај важи дека помалку е всушност повеќе. Тоалетната хартија ја иритира пераналната кожа, а тоа доведува до иритација и чешање. Доволно е да се избришете двапати, а ако ви е потребно повеќе од двапати, тоа значи дека не сте се испразниле целосно.
Секогаш употребувајте мека тоалетна хартија без додатни мирис и бои, бидејќи таа најмалку ја иритира кожата.
3. Бришење во погрешна насока
Многу жени несвесно ја прават оваа грешка при мокрењето и се бришат од назад кон напред. Така ги пренесуваат бактериите од ректумот кон мочниот канал.
За разлика од мажите, кај жените мочниот канал е далеку помал, па бактериите бргу и лесно стигаат до меурот и предизвикуваат разни инфекции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Цукерберг ги призна грешките, најавува подобра заштита на податоците
-
Патник го уништил тоалетот во авион, пилотот морал принудно да слета
-
Зошто треба да мижите на едното око кога навечер одите во тоалет
-
Боинг 777 го испразнил тоалетот над луксузен крузер: Петмина во критична состојба, 18 тешко повредени (ВИДЕО)