Музејот „Мадам Тисо“ во Њујорк е побогат со уште една восочна фигура на бразилската топ-моделка Адријана Лима (34).
Таа е модел со најдолг стаж во историјата на модниот бренд „Викторија сикрет“, а сега стана и единствен ангел кој добил своја восочна фигура.
Адријана присуствуала на претставувањето на својата восочна фигура и била воодушевена од тоа како изгледа. Повеќе пати со неверување ја допирала својата восочна фигура, не симнувајќи ја насмевката од лицето, а не одолеала ни да ги допре нејзините гради.
Восочната Адријана Лима е разголена, и на себе има само провокативна долна облека од тантела во црвена боја, а во овој комплет Лима се појавила на ревијата на „Викторија сикрет“ во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.