Портпаролот на опозиционата СДСМ, Петре Шилегов преку својот Фејсбук профил упати низа навреди кон уредници на телевизии кои беа дел од синоќешната дебата на МТВ. Тој притоа потценувајќи ја нивната дебата.
Портпаролот и пратеник на опозицијата во својот статус пишува дека не вреѓал, туку ја коментирал, како што вели „нивната глупост“.
Тој во статусот му се обраќа на Драган Павлович, латас, уредник на ТВ Сител и генерален секретар на Македонската асоцијација на новинари, која се противи на законот за медиуми кој го наметнува СДСМ.
Инаку вчера Латас посочи дека не е проблем Законот за медиуми за лошите извештаи за медиумите, туку само однесувањето на СДСМ. СДСМ, се чини, тоа само го потврдува – отворена закана на Шилегов до Латас, изјавата на првиот човек на Центарот за комуникации на СДСМ, Роберт Поповски, во кој тој не се огради од ставот на својот лидер Зоран Заев, и кривични пријави против медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.